24 C
Скопје
2 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Наместо од Мечкин Камен, Гаши од Каиро го честита Илинден

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, им го честита празникот на граѓаните, оценувајќи дека овој датум ги обединува околу вредностите врз кои се гради државата и ја потсетува јавноста на заедничката одговорност за нејзиното зајакнување.

Во честитката, Гаши наведува дека 2 Август ги поврзува двата клучни историски настани – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година – како симболи на стремежот кон слобода, демократија и државност.

„Тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нѐ повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката“, наведува Гаши.

Тој повикува институциите да бидат пример за интегритет, медиумите да бидат глас на јавната одговорност, а граѓаните активни учесници во демократските процеси.

Според него, зачувувањето на духот на соживотот, промовирањето на дијалогот, меѓусебната почит и институционалната одговорност се предуслов за изградба на поразвиена, подемократска и попросперитетна држава.

Гаши оценува дека тоа е и најдостоинствениот начин за оддавање почит кон Република Северна Македонија и нагласува дека земјата треба да продолжи по, како што наведува, „неповратниот пат кон европската интеграција“.

„Честит 2 Август – Ден на Републиката“, порачува претседателот на Собранието.

Гаши годинава не присуствува на централната прослава во Крушево, бидејќи учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти во Каиро. Во пресрет на празникот тој изјави дека не станува збор за избегнување на одбележувањето на Илинден, туку за службени обврски, додека неговото обраќање на Мечкин Камен ќе го одржи потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски.

Related posts

Мир на повидок, но дронови над Ормут: Нов пресврт во конфликтот меѓу Вашингтон и Техеран

admin

Што да очекуваме од првиот состанок на Пит Хегсет во НАТО?

admin

Полемика меѓу Османи и Мицкоски околу јазичните прашања

admin

ЕУ загриженa за безбедноста – пет карипски држави продале 88.000 „златни пасоши“

admin

Над 10 милиони евра за превенција од болести, а се повеќе болни

admin

Ројтерс: Локалните жители стравуваат од катастрофа поради повлекувањето на Преспанското Езеро

admin