13.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

СДСМ до Мицкоски: Не можете САД да ги користите како замена за ЕУ

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека се обидува да создаде лажна дилема меѓу европската интеграција на Северна Македонија и стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави, порачувајќи дека двата процеса се компатибилни и меѓусебно се надополнуваат.

Од опозициската партија оценуваат дека Мицкоски се обидува да го оправда застојот на европскиот пат со теза за посилно потпирање на Вашингтон.

„Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност“, соопшти СДСМ.

Партијата тврди дека премиерот не успеал да обезбеди напредок во преговорите со Европската унија и дека по претходните ветувања за подобри услови и гаранции сега се обидува да наметне нов политички наратив.

СДСМ го критикува Мицкоски и за, како што наведува, незавршени реформи кои Владата претходно ги најавила како дел од европската агенда.

„Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо“, наведува СДСМ, оценувајќи дека таквата политика ја оддалечува земјата од Унијата.

Од партијата реагираат и на изјавите на премиерот поврзани со продлабочувањето на односите со САД и визниот режим, тврдејќи дека тие се користат како замена за напредокот кон ЕУ.

СДСМ оценува дека Северна Македонија не треба да избира меѓу Брисел и Вашингтон.

„На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави, и така треба да остане“, се наведува во реакцијата.

Партијата оди и чекор понатаму, обвинувајќи го Мицкоски дека зад неговиот однос кон европската интеграција стои страв од посилни европски механизми за контрола и борба против корупцијата.

Related posts

ТИМ ОД ВАШИНГТОН ЌЕ „ЛОВИ“ КОРУМПИРАНИ ФУНКЦИОНЕРИ

ninja

120 години Илинден – чествување на историјата среде политички поделби

admin

Јавниот превоз во Скопје во колапс

ninja

Сексуален скандал ја тресе Албанија, инволвиран член од партијата на Рама

admin

Словенија распореди полиција на границите со Хрватска и Унгарија

admin

Euractiv: Скопје под лупа заради можно влијание врз извештајот на ЕП за Северна Македонија

admin