31.3 C
Скопје
12 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИКУЛТУРА

„Советник за култура“ со економски факултет: Левица го оспори огласот на Министерството

Левица го обвини Министерството за култура и туризам дека објавило спорен оглас за двајца посебни советници во кабинетот на министерот, оценувајќи дека условите и краткиот рок за пријавување отвораат сомнеж дека позициите се однапред наменети за конкретни кандидати.

Според партијата, Министерството бара еден советник за правни работи и еден советник за култура, со основна нето-плата од околу 60.000 денари, иако, како што наведува Левица, институцијата веќе располага со 17 државни советници.

Партијата посочува дека за позицијата советник за култура не се бара диплома од областа на културата, уметноста или културниот менаџмент, туку високо образование од областа на економијата, поточно меѓународни економски односи.

„Што точно ќе советува економист за меѓународни економски односи во Кабинетот на министерот за култура – за културните политики, музеите, театрите, музиката, современата уметност, издаваштвото?“, прашува Левица.

Опозициската партија го критикува и рокот за пријавување од три дена. Според соопштението, кандидатите во тој период треба да обезбедат и достават оригинални или нотарски заверени документи, додека постапката за избор може да трае до 120 дена.

Левица оценува дека краткиот рок, особено во период на летни одмори, го ограничува кругот на потенцијални кандидати и создава впечаток дека огласот е објавен само за формално да се исполни процедурата.

Партијата дополнително прашува зошто се потребни нови кабинетски советници доколку Министерството веќе има 17 државни советници и што се нивните конкретни задолженија.

„Наместо рационално користење на постојниот кадар и јакнење на стручноста, власта продолжува со создавање нови кабинетски позиции“, се наведува во реакцијата.

Левица побара транспарентни и фер процедури при вработувањата во државните институции, подолги рокови што ќе овозможат реална конкуренција и, како што наведува, ангажирање лица со стручни квалификации соодветни на позицијата.

 

 

Related posts

Републиканците бараат оставка од Бајден

admin

„Пропуштена шанса“: Поранешен амбасадор на САД остро го критикува Самитот на НАТО во Анкара

admin

Повторно активиран нафтоводот Солун–Скопје по 13 години

admin

Нова авионска несреќа – 167 загинати (видео)

admin

Првиот претседател беше избран од Собранието

admin

ЕУ повикува на дијалог за испитот по правосудство на албански јазик, протестите оценети како легитимни

admin