5.8 C
Скопје
6 октомври, 2026
Inbox7.mk
НАУКА

Европското искуство, поинаков поглед кон универзитетот

Студирањето во странство, особено во период кога можностите за студентите од Северна Македонија сè уште беа ограничени, може да биде искуство што ја менува не само академската перспектива, туку и начинот на кој се гледа образовниот систем во земјата. Катица Јанева, директорка на ALDA Balkan, вели дека одлуката да студира во странство ја донела во 2009 година, во време кога земјата сè уште беше поизолирана, а за патување во земјите од Европската Унија беа потребни визи.

Сеќавајќи се на периодот кога одлучила да замине на студии, таа истакнува дека контекстот бил сосема поинаков од денешниот.

“Јас студирав во странство пред многу години, во 2009 година, во еден контекст кој беше сосема поинаков од денешниот“.

Во тој период, според неа, можностите за студирање во странство допрва почнувале да им се отвораат на студентите од Македонија.

“Во тоа време, Македонија сè уште беше многу затворена земја и ни беа потребни визи за да патуваме во земјите од Европската Унија“, истакнува Јанева.

Таа се сеќава дека токму во тој период почнале да се создаваат нови можности преку стипендии што ги нуделе амбасадите и меѓународните организации.

“Студирањето во странство штотуку почнуваше да станува можност за македонските студенти, бидејќи во тој период многу амбасади и меѓународни организации почнаа да нудат стипендии за студирање во странство“, вели таа.

Една од главните причини поради кои нејзиното искуство било особено значајно била самата студиска програма. Таа вели дека универзитетот на кој студирала нудел профил кој во тоа време не постоел на универзитетите во земјата.

“Нудеше студиски програми кои во тоа време воопшто не постоеја овде. Искрено, не знам дали постојат и денес“, вели таа.

Станувало збор за специјализирани студии по управување со европски програми, а уште еден важен елемент била можноста за студирање на странски јазик.

“Тоа беа студии специјализирани за управување со европски програми. Исто така, нудеа можност да се студира на друг јазик“, истакнува Јанева.

Според неа, студиите на странски јазици денес можеби се поприсутни и на универзитетите во земјата, но во тој период таквата можност практично не постоела.

“Мислам дека концептот на студирање на странски јазици можеби почна да се развива и на некои универзитети во земјата, но во тоа време тоа воопшто не беше опција“, истакнува таа.

Во програмата предавале професори не само од Франција, туку и од Белгија и Канада. Програмата, покрај универзитетските професори, вклучувала и предавања од професионалци со практично искуство.

“Самата програма, покрај универзитетските професори кои доаѓаа не само од Франција, туку и од Белгија и Канада, вклучуваше и предавања од професионалци со искуство“, вели таа.

Еден од примерите што таа го издвојува токму ја покажува поврзаноста меѓу академијата и професионалното искуство.

“На едно од нашите предавања беше директор кој работел заедно со поранешниот француски претседател Никола Саркози во спроведувањето на големата реформа на јавната администрација во Франција“, вели Јанева.

Ова искуство, според неа, го направило студирањето во странство не само можност за стекнување диплома, туку и начин одблизу да се запознаат различни модели, програми и професионални искуства кои во тоа време недостасувале во земјата.

 

Текстот е работен во рамки на проектот „Застапување за инклузивен развој“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас. 

Содржината на овој текст е единствена одговорност на Форум за разумни политики, ИОХН и БИРС и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.

Related posts

Кога случаите стануваат епидемија?

admin

Добра вест за дебелите: Pfizer со орален лек за намалување на телесната тежина

admin

Ова е првата астронаутка на НАСА што ќе зачекори на Месечината

ninja

Ќе нè убие ли ВИ? Луѓето што ја создаваат имаат изненадувачки различен одговор

admin

„Совршено слетување“: Како мисијата Артемис II успешно се врати на Земјата

admin

НАУЧНА БОМБА: Нобеловецот кој тврди дека сме сосема во заблуда за универзумот

admin