22.8 C
Скопје
29 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски контра „Политико“: Моите информации се дека Македонија нема да остане без патоказ за ЕУ

 Премиерот Христијан Мицкоски рече дека нема информација оти Северна Македонија ќе остане без нов патоказ во процесот на европска интеграција, оценувајќи дека таков развој би бил нелогичен доколку пристапувањето во ЕУ навистина се темели на заслуги и исполнети реформи.

Изјавата следува по пишувања дека во новиот пристап на Европската Унија кон проширувањето посебни патокази би добиле Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија, додека Северна Македонија не би била вклучена.

„Моите информации велат дека не е така“, рече Мицкоски, најавувајќи дека прашањето ќе биде дел и од разговорите со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок треба да го посети Скопје.

Премиерот рече дека Владата испорачала најголем дел од реформите предвидени со Реформската агенда и Планот за раст и дека земјата, според него, добила високи оценки во два извештајни периоди.

„Ако пристапувањето во ЕУ е процес во кој се оценува врз основа на заслуги, за мене ова е нелогично“, рече Мицкоски.

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје

Мицкоски најави дека со Фон дер Лајен ќе разговара за проширувањето, позицијата на Северна Македонија и политичките предизвици со кои се соочува Унијата.

Во образложувањето на владината политика, тој се повика и на политичките промени во повеќе европски земји, меѓу кои резултатите на регионалните избори во Германија, референдумот во Исланд и политичките трендови во Франција.

Мицкоски оцени дека јакнењето на партии што се против миграцијата и проширувањето на ЕУ треба да се земе предвид при планирањето на македонската надворешна политика.

Тој се повика и на анкети во Франција, велејќи дека Марин ле Пен има силна поддршка пред следниот претседателски изборен циклус.

„Ова е некаков индикатор врз основа на кој ќе треба да ги градиме политиките во периодот што следи“, рече Мицкоски.

Бара ЕУ или НАТО во разговорите со Бугарија

Премиерот повторно ја отвори и идејата идните разговори со Бугарија да се водат во присуство на претставници на ЕУ или НАТО.

Според него, таквиот формат би овозможил аргументите на двете страни да бидат слушнати „објективно“.

И министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски претходно побара во идните разговори со Софија поврзани со евроинтеграцијата да има присуство на европски институции или земји членки, со образложение дека тоа би помогнало во враќањето на довербата.

Од бугарска страна следуваа пораки дека процесот на пристапување веќе е европски и дека треба да се одвива според постојната преговарачка рамка.

Мицкоски: Претходната влада ги прифати условите

Во интервју за ТВ Алфа, Мицкоски рече дека актуелните услови во процесот на евроинтеграција не можат едноставно да бидат игнорирани затоа што биле прифатени од претходната влада.

„Не можам да се согласам кога велиме нелогични барања, бидејќи некоја претходна македонска влада тие таканаречени нелогични барања ги прифатила, ставила потпис на договор“, рече тој.

Мицкоски ја обвини претходната власт дека оставила процес кој сега е тешко да се промени и рече дека сегашната Влада се обидува „чекор по чекор“ да ја подобри позицијата на земјата.

Тој додаде дека не треба да се обвинуваат претставниците на ЕУ, бидејќи, според него, од Брисел пораката е дека македонските власти претходно самите ги прифатиле условите.

Неговата порака доаѓа неколку дена по обраќањето пред Генералното собрание на ОН, каде што рече дека Северна Македонија не бара полесен пат кон ЕУ, туку процес со јасни и предвидливи правила.

 

Related posts

Шекеринска – првата жена од Западен Балкан на висока функција во НАТО

admin

ЕУ бараше со години, Владата конечно реагира: Доаѓа закон за високите раководители

admin

Учебната година пред крај, дел од учебниците уште ги нема

admin

ЕУ ги симна Усманов и Фридман од црната листа за да спаси санкции против 3.000 руски лица и компании

admin

Партиски промени, но со исти лидери

admin

Си и Вучиќ ја зацврстуваат „челичната врска“ меѓу Пекинг и Белград

admin