9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

ВИ влегува во универзитетските клупи: УЈИЕ поставува академски рамки за новата технологија

Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација се во центарот на традиционалната дводневна обука за академскиот и административниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), која започна денеска.

Годинешната обука се одржува под мотото „Вештачка интелигенција, иновации и дигитална трансформација“, со акцент на примената на новите технологии во академските, истражувачките и административните процеси.

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, во презентацијата на стратешките насоки и визијата на Универзитетот порача дека институцијата треба да премине од период на консолидација во нова развојна фаза.

Тој ја нагласи потребата од континуирано унапредување на различните сегменти од работата на Универзитетот во согласност со технолошките и општествените промени.

Академски правила за употреба на ВИ

Една од централните теми е иницијативата AI@SEEU, во чии рамки проф. д-р Флорије Исмаили ја презентираше сесијата „Академски рамки на ВИ“.

Темата добива особено значење во период кога универзитетите се соочуваат со потребата да воспостават правила за користење на генеративната вештачка интелигенција во наставата, истражувањето и академската работа.

За развојот на научноистражувачката дејност на УЈИЕ говореше проректорот за планирање, истражување и претприемништво, проф. д-р Веланд Рамадани.

Од истражување до применети иновации

Директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“, проф. д-р Вели Креци, ги претстави достигнувањата и портфолиото на Институтот.

Проектите од областа на применетите иновации на Бизнис иновејшн сентр (БИЦ), пак, ги презентираше директорот Авни Арифи.

Во програмата беа вклучени и административните аспекти на дигиталната трансформација. Дритон Асани и Дешира Имери го презентираа процесот за трансфер на студенти, со фокус на подобро усогласување на процедурите и текот на работата.

Дводневната обука има цел да ги унапреди професионалните компетенции на академскиот и административниот кадар и да овозможи размена на искуства за употребата на новите технологии во работењето на Универзитетот.

 

Related posts

Шпионажа, дрога и насилство: Талески тврди дека безбедносниот систем е во целосен распад

admin

Лидер на младината на Левица казнет со 550 евра по приведување за палестинско знаме

admin

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МАКЕДОНСКОТО ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ?! ПАК СМЕ ДАЛЕКУ ОД НАЈДОБРИТЕ 1000 УНИВЕРЗИТЕТИ ВО СВЕТОТ

admin

Бугарскиот парламент ја одобри владата предводена од Росен Желјазков

admin

Од Менхетен до Аљаска, Американци протестираат против Трамп и Маск

admin

Русија го исклучува интернетот: Дали Кремљ подготвува тотална цензура?

admin