28.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
НАУКА

Новинарите имаат клучна улога во етичката употреба на вештачката интелигенција

Новинарите имаат клучна улога во промовирањето на етичката употреба на вештачката интелигенција преку транспарентно, точно и одговорно известување, додека развојот на писменоста за ВИ станува неопходен за разбирање на сè покомплексната технологија.

Ова беа дел од главните теми на петтата сесија од серијата тренинзи за вештачка интелигенција, која експертот Феџа Куленовиќ ја одржа со професорите и академскиот кадар од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

ВИ-писменоста станува дел од новинарската писменост

Со зголемената употреба на генеративни алатки во редакциите, способноста на новинарите да разберат како функционираат овие системи, кои се нивните ограничувања и каде можат да погрешат станува сè поважна за професионалното известување.

На сесијата се дискутираше за тоа како новинарите можат одговорно да ја користат ВИ, кои алатки можат да им помогнат во работата и како притоа да ги зачуваат основните новинарски стандарди.

Посебен акцент беше ставен на точноста на информациите што се пренесуваат до публиката и на потребата содржините добиени со помош на ВИ да бидат предмет на новинарска проверка.

Транспарентноста како дел од довербата

Употребата на ВИ отвора и прашање за транспарентноста – кога и на кој начин редакциите треба да ја информираат публиката дека вештачката интелигенција била користена при создавањето или обработката на содржината.

Одговорното користење на технологијата затоа не подразбира само познавање на алатките, туку и зачувување на уредничката контрола, проверката на фактите и одговорноста кон јавноста.

Сесијата се одржа во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративните алатки за вештачка интелигенција и медиумското известување за ВИ преку новинарското образование во Северна Македонија“, поддржан од УНЕСКО преку Меѓународната програма за развој на комуникациите.

 

Овој текст е подготвен во рамките на проектот „Зајакнување на етичката употреба на генеративни алатки за вештачка интелигенција и медиумското покривање на вештачката интелигенција преку образованието по новинарство во Северна Македонија“, финансиран од Меѓународната програма за развој на комуникациите (IPDC) на УНЕСКО. Изразените ставови и мислења се исклучиво на авторот/авторите и не мора да ги одразуваат ставовите на УНЕСКО како донатор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Related posts

Револуција во борбата против ракот? Нов лек целосно елиминирал тумори кај дел од пациентите

admin

GOOGLE го стега ременот, нов бран на отпуштања

admin

Вештачката интелигенција може да ја уништи демократијата

admin

Германските научници поставија нов рекорд во нуклеарна фузија, отворајќи пат кон речиси неограничена чиста енергија

admin

Вештачката интелигенција ќе го промени новинарството како што тоа го направи интернетот

admin

„И на 100 години сè уште го знам Морзеовиот код“

admin