10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Кои функционери ќе бидат сменети? Касами најави разговор со Мицкоски следната недела

Копретседателот на ВЛЕН, Билал Касами, најави дека следната недела ќе се сретне со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да разговараат за пополнување и замена на функционери на позиции што му припаѓаат на коалицискиот партнер.

Во фокусот на разговорите, според Касами, ќе бидат заменик-министрите, директорите и заменик-директорите каде што има потреба од нови именувања или кадровски промени.

„Верувам дека во текот на следната недела ќе биде следната средба со премиерот и воедно претседател на ВМРО-ДПМНЕ како коалициски партнер, каде што ќе разговараме за овие теми, и за заменик-министрите, нивното пополнување и замена, но и за другите прашања, поконкретно за директорите и заменик-директорите, таму каде што треба да се пополнат местата и таму каде што треба да има замена“, изјави Касами.

Реконструкцијата на Владата беше спроведена на 13 јули, кога Собранието избра осум нови министри, но кадровските промени не беа целосно завршени.

Непополнети останаа позициите заменик-министер во Министерството за култура и туризам и во Министерството за социјална политика, демографија и млади, откако Седат Сулејмани и Ѓоко Велковски беа именувани за министри.

Пополнувањето на овие места беше најавено за септември, но процесот беше одложен.

Мицкоски претходно најави промени и на ниво на директори и заменик-директори, кои треба да бидат усогласени со коалициските партнери.

 

Related posts

Украина ги интензивира нападите долж граничните линии

admin

Меџити одбележа 24 години од Охридскиот рамковен договор со коктел во Скопје

admin

СПАСОВСКИ ЗА ТОП НЈУЗ:  Дојавите за бомби се хибридна војна, Руската агресија врз Украина ја торпедираше појавата на лажни вести на едно повисоко ниво

admin

Самит: Германија како столб на стабилност во НАТО?

admin

Почина Тото Котуњо

admin

Русија го освои градот Херсон по една недела од инвазијата на Украина

ninja