7.8 C
Скопје
26 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИСВЕТ

Мерц под силен притисок: 80% незадоволни во источна Германија

Околу две третини од Германците сметаат дека владата на канцеларот Фридрих Мерц не успеала, покажува анкета на институтот „Ипсос“ за „Шпигел“, објавена во средата.

Според истражувањето, 48 отсто од испитаниците целосно се согласиле со оценката дека владата на Мерц „не успеала“, додека дополнителни 19 отсто делумно се согласиле.

Незадоволството е поизразено во источните германски покраини, каде вкупно 80 отсто од испитаниците делумно или целосно се согласиле со оваа оценка. Во западниот дел на земјата тој удел изнесува 64 отсто.

Анкетата е спроведена онлајн меѓу околу 2.000 лица од 30 септември до 4 октомври.

Истражувањето доаѓа по три изборни порази на ЦДУ во источна Германија во септември, што дополнително го зголеми притисокот врз Мерц.

Канцеларот одбива да се повлече и останува на ставот дека коалицијата на неговата ЦДУ со Социјалдемократската партија ќе ја спроведе најавената реформска агенда.

И покрај слабите оценки за неговата работа, анкетата не покажува јасен фаворит кој би можел да го замени Мерц во рамките на ЦДУ.

Меѓу најчесто споменуваните имиња се баварскиот премиер Маркус Зедер, министерот за внатрешни работи Александер Добринт и премиерот на Северна Рајна-Вестфалија Хендрик Вист.

Сепак, 43 отсто од испитаниците сметаат дека ниту еден од нив не би ја вршел функцијата подобро од Мерц.

 

Related posts

Историска пресуда во Дамаск: Башар ал-Асад осуден на смрт

admin

Една изборна единица, дијаспора и пари за кампањи: Што ја блокира изборната реформа?

admin

Бугарија се однесува со С.Македонија исто како и Русија со Украина

admin

ЗА НАС Е ПОРАЗИТЕЛНО ОТИ НЕ СМЕ СИ ГИ ЗАВРШИЛЕ ДОМАШНИТЕ ЗАДАЧИ, ВЕЛИ ​​​​​​​ДКСК ЗА ТИМОТ ЗА САНКЦИИ ОД ВАШИНГТОН

ninja

Русија губи влијание, а Европа се враќа на Кавказот

admin

Кои се новите заменици на министрите?

admin