17.8 C
Скопје
20 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пожар во болницата „8 Септември“, евакуирани пациенти и персонал

Пожар избувна утрово, на 20 ноември, во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, по што беа евакуирани пациенти и медицински персонал од Одделението за ортопедија. Според првичните информации, нема повредени.

Пожарот зафатил инвалидски колички сместени на балкон во болницата, изјави командирот на скопската Противпожарна бригада, Ѕвонко Томески, за порталот „Сакам да кажам“.

Според Томески, противпожарната служба добила пријава преку единствениот број за итни повици 112, по што кон болницата веднаш биле испратени четири противпожарни возила.

Пожарникарите интервенирале и го изгаснале огнот, а пациентите и медицинскиот персонал биле евакуирани како превентивна мерка.

Директорот на болницата изјавил дека ситуацијата е под контрола и дека нема ризик за пациентите и персоналот.

Повеќе медиуми објавија дека пожарот бил предизвикан од отпушок од цигара, повикувајќи се на првичните информации за инцидентот.

Засега има различни информации за точната локација на пожарот. Дел од изворите наведуваат дека избувнал на вториот кат, додека други го посочуваат балконот на седмиот кат.

Засега нема потврдени информации за обемот на материјалната штета.

Надлежните служби треба да ги утврдат околностите под кои избувнал пожарот.

 

Related posts

Партнерите од ВЛЕН трчаат последен круг пред обединувањето

admin

Кога Лукашенко го повика Пригожин, германските шпиони ги прислушувале

admin

Трамп го изненади Нетанјаху со изјава дека нападите врз Либан се „забранети“

admin

Нема излез од Македонија, нема влез во Бугарија: Обвинителството сега бара притвор за Михајлова

admin

Чистка во врвот на кинеската војска: Дали Си подготвува армија за Тајван или се бори за политички опстанок?

admin

Белата куќа без одговор: Колку чини војната со Иран?

admin