20.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ЕУ: СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ПРЕРАНО ПОЧИНАТИ ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Лошиот воздух е смртоносен: Во Европската унија, голем број луѓе и натаму умираат прерано бидејќи се изложени на ситна прашина. Ризикот е најголем за жителите на градовите. Но, има и добри вести.

Најмалку 238.000 луѓе во ЕУ предвремено починале во 2020 година поради загаденост на воздухот, и покрај тоа што квалитетот на воздухот генерално се подобрил, покажуваат најновите податоци на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Аналитичарите од агенцијата нагласуваат дека загадувањето на воздухот е „најголем здравствен ризик во Европа и оти значително влијае на здравјето на Европејците, особено во градовите“, и покрај тоа што најголемите загадувачи ги намалија емисиите на штетни гасови.

Според податоците на ЕЕА, во 2020 година забележани се најмалку 238 илјади предвремени смртни случаи поради изложеност на ситна прашина односно ПМ2.5 честички, при што 96 насто од градското население е изложено на нивоа кои се над препораките на Светската здравствена организација.

Пад на бројот на починати

Истовремено, азотниот диоксид предизвикал 49.000 прерани смртни случаи, а изложеноста на озон 24.000, соопштуваат од ЕЕА. Меѓутоа, бројот на прерана смртност поради изложеност на ПМ2.5 опаднала за 45 насто од 2005 до 2020 година. „Ако продолжи трендот, се очекува дека во ЕУ ќе се оствари целта и до 2030 година ќе се намали бројот на прерана смртност за 55 отсто“, пишува во извештајот.

„Сепак, потребни се дополнителни напори за да се исполни целта за нулта загаденост до 2050 година или за намалување на загаденоста на воздухот на нивоа кои не се штетни за здравјето“, додаваат од ЕЕА./DW

Related posts

ВАЈСМEН: СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СЕКОГАШ БЕШЕ ЦЕЛ НА ХИБРИДНИ НАПАДИ ОД РУСИЈА

ninja

СЕ ЗАКАНУВА ЛИ ТРГОВСКА ВОЈНА МЕЃУ САД И ЕУ?

ninja

Џафери: Тие што ме критикуваат нека се погледнат во огледало

admin

Средба Вучиќ-Милатовиќ, за Косово се согласиле дека “не се согласуваат”

admin

ОДНОСОТ НА БУГАРИЈА КОН СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е НЕНАМЕРНА ПОСЛЕДИЦА ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ВЕЛИ ГРЧКИОТ ПРАТЕНИК КЕРИДИС

ninja

Трансфер на Кумановската група од Диво Насеље во Косово нема засега – потврди Министерството за правда

admin