11.8 C
Скопје
14 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

КУРТИ ЗА РСЕ: ПРЕДУПРЕДЕНИ СМЕ ЗА МОЖНОСТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА ПОДДРШКА

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека добил предупредувања за можноста за намалување на поддршката од Западот, доколку Косово не биде конструктивно во однос на преговорите со Србија. Сепак, тој изрази уверување дека Косово се покажува како конструктивна страна во овој процес.

Курти во интервју за Радио Слободна Европа вели дека не бил поканет на средбата што ќе ја организира Американската амбасада во Приштина на 31 јануари, а на која ќе се разговара за создавање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Курти вели дека оваа средба е резултат на инсистирањето на претставникот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар и оти од него очекува да каже во Белград дека Србија треба да го признае Косово, а не да каже во Приштина дека ќе дојде до формирање на таа Заедница, без разлика на премиерот на Косово.

Говорејќи за европскиот план за нормализација на односите Косово-Србија, Курти рече дека тој не му бил претставен во форма на „земи или остави“, туку како платформа за понатамошна дискусија. Тој повтори дека европскиот предлог е добра основа за разговори, но рече дека не содржи се што би сакало Косово. Курти рече и дека очекува интензивен дијалог со Србија, за да се постигне договор во наведената временска рамка, а тоа е март 2023 година.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак вчера изјави дека германско-францускиот план во суштина е план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека содржи 11 поени. Тој за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека тие точки прво им биле презентирани на двете страни во септември, додека документот од декември вклучувал приговори од двете страни на првиот нацрт на планот.

Related posts

Две третини од државниот врв во посета на САД

admin

Таравари: Нe повеќе од 6 месеци за уставните измени

admin

Паѓа довербата во Собранието, граѓаните не гледат дека се претставени од пратениците

admin

Буџет за 2024 – реален или предизборно напумпан?

admin

Таравари до министерот Шаќири: Запри ја партизацијата на Тетовскиот универзитет

admin

Синот на Песков – платеник на Вагнер!

admin