17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

ОСМАНИ ВО ПОСЕТА НА МОЛДАВИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ТАМОШНА СЛОЖЕНА ПОЛИТИЧКА СОСТОЈБА

Во време на сложени внатрешно-политички состојби министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во својство на претседавач со ОБСЕ, се наоѓа во дводневна посета на Молдавија.

Посетата доаѓа во време на оставка поднесена од премиерот на Молдавија Наталија Гаврилита, како и во период на засилено надворешното влијание предизвикано од руската воена агресија врз Украина.

„Главна цел е да се поттикне процесот на посуштински преговори помеѓу Владата на Молдавија и авторитетите на Транснистрија за реализирање на договорената рамка од 8 области, но и да се даде целосна поддршка на работата на Мисијата на ОБСЕ во Молдавија која има клучна улога во одржувањето на политичкиот дијалог воден од страна на ОБСЕ во формат 5+2, како и за проектите кои се доменот на интеграцијата на државата и социо- економското заздравување на Молдавија“, беше истакнато во соопштението од МНР.

На првиот ден од патувањето, Османи денеска го посети центарот за дистрибуција на хуманитарна помош за бегалците од Украина кои се наоѓаат во Молдавија. Османи директно се вклучи во подготвувањето хуманитарни пакети наменети за украинските бегалци.

Related posts

Алармот на ДУИ индицира дека „планот на Заев“ не е мртов?

admin

ЃУКАНОВИЌ: ЦРНА ГОРА НЕ Е ДЕЛ ОД РУСКИОТ ПЛАН ЗА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА МОЛДАВИЈА

ninja

СКОПЈЕ И СОФИЈА СО ЗАЕДНИЧКИ ПЛАН ЗА 4 ФЕВРУАРИ

ninja

Разрешување на Јовев: Политички реваншизам или злоупотреби?

admin

Трета републиканска претседателска дебата, Трамп доминира

admin

Шолц и Макрон ќе одржат тајна вечера во Париз пред посетата на Кси

admin