14.8 C
Скопје
3 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Разрешување на Јовев: Политички реваншизам или злоупотреби?

Лавина реакции предизвика во јавноста разрешувањето на познатиот македонски кардиохирург, Сашко Јовев од челната функција на Клиниката за кардиохирургија во Скопје, пишува Дојче Веле на македонски јазик.

Реномираниот доктор, кој го предводеше тимот којшто ги изврши првите трансплантации на срце во земјата, на прес- конференција побара да се преиспита одлуката за негово разрешување. Поддршка доби од неговиот тим, кој застана зад него.

„Цврсто стоиме на ставот дека тимот кој победува не се менува, да ја оставиме политиката на страна еднаш во оваа наша мала напатена земја и да ги оставиме професионалците да си ја вршат својата работа. Успесите на оваа клиника се успеси на сите нас, на државата и токму на министерството за здравство. Сметаме дека за вака ситни пропусти, ете нека се и наши, не треба да има разрешување“, изјави кардиохирургот Јовев.

Тој во понеделникот (05.06) беше разрешен од функцијата со образложение дека повеќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или десет години и немаат никаков резултат. Министерот за здравство Фатмир Меџити тврди дека нема политика во разрешувањето, туку индиции за направени злоупотреби

„Секаде каде што ќе има злоупотреби, со мене како министер, ќе има и санкции“, рече Меџити при денешната посета на Клиниката за ендокринологија. Јовев, пак, е дециден дека на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија нема нерегуларности.

Докторот Јовев смета дека иницијалната каписла за ваквиот развој на настаните може да биде некоја суета, некое недоразбирање. „Како таа оди нагоре и како сакаат да жртвуваат некој што направил нешто за оваа држава, веќе може да има некаков политички пазар“, изјави кардиохирургот, кој на клиниката беше пречекан од вработените, но и од пациенти на коишто им го спасил животот. Јовев тврди дека последниот период бил изложен на големи притисоци и дека причината за неговото разрешување, како што е наведено во решението, се две дежурства во 2022 година за кои не добил согласност од тогашниот министер за здравство.

Related posts

МЕЃУНАРОДНИОТ КРИВИЧЕН СУД ИЗДАДЕ НАЛОГ ЗА АПСЕЊЕ НА ПУТИН

ninja

Премиерот на Велика Британија за полот: „Мажот е маж, а жената е жена“

admin

БЛИНКЕН РАЗГОВАРАЛ СО БОСАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЛКУ ВЛЕЗОТ ВО ЕУ Е ВАЖЕН ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН

ninja

Арачиновци почнаа да плаќаат данок

admin

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БУГАРСКИ КЛУБ НА СУД ПОРАДИ РАСИЗАМ

ninja

Гаши: Владата на Курти ќе биде соборена на есен

admin