23.8 C
Скопје
19 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ И КУРТИ ГО ПРИФАТИЛЕ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА НОРМАЛИЗАЦИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти на 18 март во Северна Македонија ќе ги продолжат разговорите за нормализација на односите меѓу двете држави.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, по средбата во Брисел во понеделникот, изјави дека се потребни дополнителни разговори меѓу двете земји за деталите околу имплементацијата, иако двајцата лидери начелно се согласиле да го прифатат европскиот план. ЕУ во наредниот период ќе го објави планот за нормализација на односите, рече Борел, но призна дека останува многу работа околу начинот за неговата имплементација.

Вучиќ го оцени состанокот како „тежок“ и најави натамошни разговори.

Главната точка околу која не била постигната согласност во Брисел останува формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО). Вучиќ го обвини Курти дека тој не бил подготвен да го прифати тој дел од планот.

„Би требало да се видиме на 18 март во Северна Македонија, тогаш Борел ќе биде во посета на регионот, а дотогаш ќе разговараме со (специјалниот претставник на ЕУ) Мирослав Лајчак за имплементацијата. Во соопштението на ЕУ ќе стане збор за неопходноста од спроведување на сите претходни договори, јас инсистирав на Заедницата на српски општини. Курти не беше подготвен тоа сега да го прифати, а дали ќе биде подготвен во иднина ќе видиме“, рече Вучиќ.

Related posts

Претседателски кандидати – кој колку троши на социјалните мрежи?

admin

Осуден разбојник бил ослободен од затворски полицаец во Идризово

admin

ПАЦИЕНТИТЕ И ПРАВДАТА-КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА НА ПАРТИСКИТЕ БИТКИ ВО СОБРАНИЕТО

ninja

Бесими: Постигнавме договор со синдикатите за раст на платите, следи ребаланс на буџетот

admin

АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

ninja

Техничката влада пред породилни болки

admin