21.8 C
Скопје
9 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ЃУКАНОВИЌ ГО РАСПУШТИ ЦРНОГОРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ на 16 март го распушти Собранието, што е увертира за распишување вонредни парламентарни избори врз основа на спорните измени на Законот за претседател.

Датумот за одржување на предвремените избори треба да го соопшти утре.

Распуштањето на Собранието доаѓа на три дена пред претседателските избори закажани за в недела на 19 март, на кои еден од кандидатите е Ѓукановиќ.

Денеска поминаа 90 дена од измената на Законот за претседател. Во соопштението на кабинетот на Ѓукановиќ се наведува дека указот е донесен врз основа на член 92 точка 3 од Уставот на Црна Гора.

На 15 март на полноќ истече рокот за формирање на 44-та влада, чиј мандатар беше Миодраг Лекиќ. Според Уставот на Црна Гора, претседателот на државата распишува избори првиот ден по распуштањето на Собранието.
По распуштањето на Собранието, избори може да се одржат најрано за 60, а најдоцна 100 дена. Лекиќ ги известил претседателите на партиите дека нема мнозинство да формира влада бидејќи нема поддршка од четворица пратеници на Движењето на премиерот Дритан Абазовиќ.

На актуелната влада на Дритан Абазовиќ и беше изгласана недоверба пред седум месеци.

Ѓукановиќ претходно изјави дека изборот на Лекиќ е правно проблематичен, но е дел од правниот систем, додека Уставниот суд не го суспендира.

Ѓукановиќ ги окарактеризира минатогодишните измени на Законот за претседател како спорни, а неговиот советник за правни прашања до Уставниот суд поднесе иницијатива за оценување на неговата уставност.

Законот беше сменет во Собранието на Црна Гора во декември од страна на парламентарното мнозинство, кое го сочинуваат прорускиот демократски фронт, демократите, Социјалистичката народна партија и Граѓанското движење УРА.

По изгласувањето недоверба на Владата на Дритан Абазовиќ поради потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква во август 2022 година, победниците на парламентарните избори од август 2020 година го предложија Лекиќ за кандидат, што Ѓукановиќ го одби бидејќи во предвидениот рок не беа доставени потписи за поддршка.

Тогаш парламентарното мнозинство го смени Законот за претседател и ја презеде уставната власт на претседателот на државата.

Меѓународните партнери, пред се Соединетите Американски Држави и Европската унија, во неколку наврати апелираа до парламентарното мнозинство да не се обидува да формира Влада врз основа на изменетиот Закон, бидејќи ќе има сомнителен легитимитет.

Тие се повикаа на негативното мислење на Венецијанската комисија за овие измени.

Related posts

Мицкоски: Мојата стратегија успешно се реализира

admin

Гаши: Бојкот на Собранието, ако не биде изгласан нашиот кандидат за член на ДИК

admin

Ларсон Џаин: Има силен моментум за проширување на ЕУ, не го пропуштајте

admin

Води ли сметка државата за нашинците? Од 20.500 иселеници заинтересирани за гласање во 2011-та, тој број падна на 2.571

admin

Еуростат: САД најголем странски инвеститор во ЕУ

admin

(Не)разрешувањето на Беса Адеми – нов испит за Судскиот совет

admin