12.8 C
Скопје
8 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Охрид изјави дека „не планира ништо да потпише“.

Во обраќањето до јавноста на 16 март, Вучиќ рече дека Белград „се уште не добил нацрт за тоа што сака Европската унија“ во преговорите за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

„Ние го доставивме нашиот предлог, Албанците го доставија својот. Од Брисел сè уште не сме добиле ништо и тој документ сè уште не постои“, рече Вучиќ.

Тој изјави дека средбата со косовскиот премиер на 18 март во Охрид нема да биде „никаков судбински или судбоносен ден“ и дека ќе се обиде да направи она „што е најдобро за Србија“.

„А тоа е да работиме на нормализација на односите со Косово, да изградиме најдобри односи со Европската унија и цврсто да ги држиме нашите црвени линии, јас не се откажувам од тоа“, рече Вучиќ.

Тој ги повика граѓаните да му веруваат на државниот врв и порача дека ќе се потруди да го зачува мирот, да тргне по патот на нормализацијата, чувајќи ги виталните државни и национални интереси.

„Претходните денови разговаравме за тоа што е неопходно за да се дојде до нормализација, што за мене не е еуфемизам за признавање на Косово, ниту де факто, ниту де јуре“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија во сабота на 18 март во Охрид ќе се сретне со премиерот на Косово, Албин Курти.

Се очекува двете страни да се договорат за анексот на предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, кој се однесува на имплементација на договорот.

Домаќин на средбата ќе биде високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Жозеп Борел, кој на 16 март изјави дека евентуалниот договор на лидерите на Србија и Косово за планот за имплементација ќе биде „важен не само за двете земји, но и за целиот регион“.

Related posts

Има ли владата план како да поминат уставните измени?

admin

Пред да патувате дознајте во кои земји на ЕУ има најефтина облека, храна и престој

admin

Води ли сметка државата за нашинците? Од 20.500 иселеници заинтересирани за гласање во 2011-та, тој број падна на 2.571

admin

Стејт департментот на САД бара 4 милијарди долари за да се надмине Кина

admin

Ќе има ново покачување на платите на функсионерите?

admin

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

admin