27.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
НАСЛОВНАХРОНИКА

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

Домашно куче од расата „англиски бул мастиф“ вчера усмрти осумгодишно дете, откако поради тешките повреди искрварило до смрт, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Трагедијата се случила во населбата Пинтија, Кисела Вода. Неофицијално, станува збор за раса „англиски бул мастиф“. Како што објавува МВР, вчера, во 18:25 часот, од градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив било донесен малолетник од Скопје, кој според пријавеното, подлегнал на повредите како последица од напад од куче, сопственост на неговиот сосед Н.Г..

„За случајот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат во МВР.

Директорот на градската општа болница, д-р Љубен Арсенков, за Мета.мк вели дека ова е прв случај во кој куче усмртило дете.

„Детето било донесено без знаци на живот. Веднаш колегите направиле обид за реанимација, но безуспешно. Не се знае дали детето веднаш после случката било донесено кај нас или веќе било пронајдено без знаци на живот, тоа ќе го покаже истрагата. Јас синоќа не бев на смена, но глетката била траорна, сите доктори и сестри што беа на работа, цела смена, денеска не се на работа“, вели Арсенков.

 

Божиновски: Англискиот булмастиф ги гледа децата како непријатели и противници

Меѓународниот кинолошки судија и ветеринарен лекар Перо Божиновски вели дека расата куче англиски булмастиф, кој го нападна осумгодишното дете во Пинтија, во некои земји е забранета.

-Оваа раса ги гледа помалите деца како непријател, особено доколку се наведнат. Посебно тоа е изразено кај децата што сè уште не прооделе кои ги гледаат како противници – вели за весникот ВЕЧЕР, Божиновски.

Тој нагласи дека повеќето земји  имаат список на кучиња кои се забранети. Така, на списокот меѓу десетте забранети кучиња во Данска е и нашиот шарпланинец.

-Повеќето европски земји го имаат ставено, пред сè, американскиот страфордски бул териер и пит булот како забранети. Тие дури и ги кастрираат за да не можат да се парат, а забранет е нивниот увоз и продажба. Кај нас нема таков список на забранети раси кучиња -објаснува Божиновски.

Related posts

Дали е голема неправда работниците со 200 евра, а функсионерите со 2000 евра плата?

admin

Зголемена просечната плата

admin

Украина ја нападна Русија, погодени згради во Москва

admin

Која е целта на Законот за амнестија?

admin

Пред Скопје – уставните измени, пред Тирана – Белери

admin

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДС дозволија Курти да прогласи “косовски пашалак”

admin

Leave a Comment