11.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
СПОРТ

Италија официјално поднесе кандидатура за домаќин на ЕП 2032

Италија и официјално до УЕФА поднесе кандидатурата за организација на Европското првенство во фудбал во 2032 година. Претседателот на италијанската федерација Габриеле Гнавина ја достави до европската куќа на фудбалот организацијата.

Во февруари оваа година, Италија истакна дека се откажува од кандидатурата на ЕП 2028 година, и ќе се фокусира на следното во 2032 година за да има повеќе време за средување на инфраструктурата за што подобра организација на првенството. Градовите домаќини би биле: Милано, Торино, Верона, Џенова, Болоња, Фиренца, Неапол, Бари, Калјари и Рим.

За организација на ова ЕП се кандидирише и Русија, но нивната кандидатура е веднаш одбиена од УЕФА поради конфликтот во Украина. Русите се кандидираа и за ЕП 2028 година, но УЕФА не им дозволи да бидат организатори.

Турција исто така има интерес да биде домаќиони на ЕП 2028 и на ЕП 2032.

Последен настан кој го организираше Италија беше СП во 1990 година, а претходно европските првенства во оваа земја беа организирани во 1968 и 1980 година. Рим беше еден од 12-те градови домаќини на ЕП 2020 година, кое поради пандемијата се одржа во 2021 година, на кое учествуваше и селекцијата на Македонија.

Related posts

ВИДЕО Повредениот бугарски државјанин е во стабилна состојба, приведени 21 лица

admin

Левандовски: Местото на Меси му е во Барса, се надевам ќе играме заедно

ninja

Капитенот на Барселона ќе игра за третина плата само за да остане на „Камп Ноу“!

ninja

Османи поднесе оставка, Шкендија без тренер

admin

Кансело може да биде освојувач на ЛШ и со елиминација на Баерн

ninja

ВИДЕО: Бензема стана кошмар за Англичаните, Реал со солидна залиха оди за Лондон

ninja

Leave a Comment