19.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕГИОН

Експлозија во близина на полициска станица во северно Косово

Експлозија се случи денеска околу 03:00 часот по полноќ, во близина на косовската полициска станица на север, пренесува Инбокс7.

Веста ја потврди и портпаролот на полицијата за северниот регион Ветон Елшани.

Елшани рече дека од оваа експлозија биле оштетени автомобил и електричен столб.

„Да, околу 03:00 часот се случи експлозија. Притоа, оштетени се автомобил и електричен столб. Полицијата случајот го третира како „причина за општа опасност“, рече Елшани.

По оваа експлозија, реагираше Блерим Вела, шефот на кабинетот на претседателот на Косово, Вјоса, кој рече дека ова е уште еден криминален напад во Северна Митровица.

Тој преку објава на Твитер рече дека овие криминални структури ги плаќа Србија за да го спречи владеењето на правото на север.

„Уште еден криминален напад во Северна Митровица. Криминалните и нелегалните структури финансирани од Србија го попречуваат владеењето на правото на север. Ова по се изгледа е реакција на акцијата на институциите за отстранување на нелегалните камери за надзор поставени од Србија, која ќе продолжи“, напиша Вела.

Related posts

СТАПУВА НА СИЛА ЕВРОПСКАТА ЗАБРАНА ЗА РУСКОТО ДИЗЕЛ ГОРИВО

ninja

Пендаровски-Ескобар: САД стојат зад аспирациите за членство во ЕУ

admin

Физички нападната екипата на Алсат

admin

Бајден вели дека помошта може да влезе во Газа во петок

admin

“Евергранд” може да стане уништувачка топка за кинеската економија

admin

ВУЧИЌ УТРЕ НА СРЕДБА СО ЛАЈЧАК И ЕСКОБАР ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО КОСОВО

ninja