10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Кривична пријава против двајца полицајци од Ќафасан

МВР поднесе кривична пријава против полициските службеници А.В. и Н.С., вработени во Полициската станица за граничен надзор Ќафасан, поради постоење основи на сомневање дека првопријавениот сторил кривично дело „примање поткуп“ по член 357 став 1, додека второпријавениот сторил кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-В став 1 и двете од Кривичниот законик.

Како што соопштија од МВР, првопријавениот на 13.05.2023 на Граничниот премин Ќафасан од возач кој управувал автобус со црногорски национални ознаки, за кој не поседувал важечки зелен картон, побарал и примил поткуп во паричен износ од 70 (седумдесет) евра, додека второпријавениот, го пропуштил возилото без важечки зелен картон и му овозможил непречено да оствари влез на територијата на Република Северна Македонија.

По преземени мерки и активности за целосно расчистување и документирање на кривично-правниот настан, во координација со надлежен Јавен обвинител, полициските службеници се лишени од слобода и изведени пред судија на претходна постапка, од чија страна им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

“Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, ќе покрене постапка и за утврдување на дисциплинска одговорност, а полициските службеници ќе бидат суспендирани од работа до завршување на дисциплинската постапка”, соопштија од МВР.

Related posts

Џафери: Има време да се заменат документите до избори

admin

Апсење без налог? Скандалот со началникот од Демир Хисар ја потресе политичката сцена

admin

Трамп лут на Европа: САД го намалуваат военото присуство

admin

Извештај на ОДИХР: Притисоците над администрацијата и купувањето гласови остануваат сериозен проблем

admin

Цаколи: Сегашниот институционален ќор-сокак на Косово е предизвикан од намерни опструкции, прикриени како правни недоречености

admin

Русите добија апликација што станува задолжителна – истражувачи открија што сè може да гледа MAX

admin