25.8 C
Скопје
28 април, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Договорот со „Бектел и Енка“ ги „потона“ антикорупционерите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го добила договорот на владата со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на Коридорот 8 и 10д, јавува Инбокс7.

Претседателската на ДКСК, Билјана Ивановска, рече денес дека за овој случај ангажиран е поголем тим со строго одвоени задачи.

„Сега задачите се поделени на советници. Имаме неколку советници и дел од нив работат во сегментот на јавните набавки, дел за работи поврзани со работните односи, дел се вклучени како истражители и дел работат во анализа на закони, чии измени се во собраниска процедура и мора да бидат одобрени. Верувајте бара повеќе време и анализи“, изјави Ивановска.

Ивановска рече дека не може да даде точен датум кога ќе завршат анализите, а додаде дека антикорупцискиот тим работи максимално посветено.

 

Related posts

Се заострува борбата Груевски-Мицкоски:

admin

Администрацијата ќе се штити од сајбер напади за 45 милиони евра

admin

RSE: „Воени“ правила за работниците во кинеска компанија во Србија

admin

Законот строг за анестезиологот Тик-Токер, осуден на 15 месеци затвор

admin

Груби го искара Курти: Се мешаш во внатрешните политики на С.Македонија и Албанија

admin

Агелер не кажува дали и Заев ќе биде дел од „црната листа“: Има епидемија на корупција во оваа земја

admin