17.8 C
Скопје
20 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Ковачевски: Или со ЕУ, НАТО и САД, или со ЛЕВИЦА

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, објави денеска дека има предлог за уставните измени од Работната група кој што ќе биде разгледан од владата и ќе биде доставен до Собранието. Според него, сега сите треба веќе да се определат политичките партии во државата, дали се за ЕУ, НАТО и САД или дел од нив ќе сакаат да останат заложници на Левица и Апасиев, пренесува Инбокс7.

“Имаме предлог кој што ќе биде разгледан од владата и ќе биде доставен со Собранието и сите политички партии треба да бидат свесни дека ова е процес за интеграција во ЕУ. Впрочем многу јасни пораки испрати вчера и сенаторот Марфи од САД кој што кажа дека треба веќе да се определат политичките партии во државата, дали се за ЕУ, НАТО и САД или дел од нив ќе сакаат да останат заложници на Димитар Апасиев”, рече Ковачевски.

Тој оцени дека многу јасни пораки дојдоа од сите претставници на ЕУ и на претседатели на држави членки на ЕУ во однос на тоа која е обврската на нашата држава, додавајќи дека нормално има обврски и ЕУ.

Related posts

Дали Албин Курти ја обединува албанската опозиција во С.Македонија?

admin

Се стега ли обрачот околу Вучиќ?

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

Лидерите повикуваат да се избегне ескалација по иранскиот напад врз Израел

admin

Владата и невладините во клинч – соработка на „стаклени нозе“

admin

ЗНМ се солидаризира со Николовски и повикува на дијалог со МПЦ ОА

admin