8 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Како важна бугарска тема делумно се покрива со „Македонија“?

Аудио снимка од внатрепартиски разговори во ПП предзивика лавина реакции во Софија. Можат ли наводите за руско влијание во бугарските служби, да се сокријат зад друга тема?

Советник на поранешен бугарски премиер открил класифицирана информација за бугарската позиција околу пристапувањето на РСМ кон ЕУ, кога за неа извршил консултација со државен службеник на Северна Македонија. Оваа изјава на претседателот на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС), Пламен Тончев, од вчера предизвикува големо внимание од двете страни на границата. Но, повеќе од самата вест, внимание предизвикува атмосферата и причините поради кои таа е обелоденета.

„Во однос на лицето кое ние го утврдивме, е поведена предистражна постапка, затоа што на странски државјанин – државјанин на Република Северна Македонија му ја доставило на консултации позицијата на Република Бугарија во преговарачкиот процес. Имаме информации дека оваа информација била доставена индиректно – не на амбасада, туку на државен службеник, а потоа било барано таа да биде претставена како официјална информација на Република Бугарија од страна на тогашната министерка за надворешни работи, г-ѓа Генчовска“, рече Тончев, одговарајќи на прашање од пратеници на партиите ИТН и Преродба.

Заради доверливоста на процесот тој не го откри името на советникот, бидејќи пратениците изгласаа седницата да биде отворена, а не затворена. Но посочи дека тоа лице било дел од последниот редовен владин кабинет.

„Можам само да кажам дека тоа лице, од  неговиот службен компјутер извршува специјално бришење, кое благодарение на напорите на експертите беше вратено“, откри шефот на ДАНС.

Но, критиките ги насочи и кон шефовите на посочениот советник.

„Однесувањето на некои министри кои беа во редовниот кабинет, дефинитивно не го заштитуваа националниот интерес. Сите знаат дека постапките на тоа лице (советникот – н.з.) не се направени без согласност на неговиот шеф (премиерот – н.з.)“, изјави Тончев.

Иако тој не го откри името на советникот, тоа го стори пратеникот Тошко Јорданов од ИТН изјавувајќи дека Весела Чернева била советничка за надворешна политика за време на редовниот кабинет на Кирил Петков во 2022 година.

Целата анализа прочитајте ја ТУКА

Related posts

Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

admin

Кина и Русија испраќаат воени бродови во близина на Алјаска, САД одговараат со разурнувачи на морнарицата

admin

Се намалува бројот на учениците во С.Македонија

admin

РСЕ: „Феникс“ – истрага која го врати од заборав „Скопје 2014“

admin

Групата од Грчец имала соработници во разни институции!

admin

ДКСК со иницијатива да се укине “балснсерот”

admin