17.8 C
Скопје
11 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Даути: Стратегијата за развој мора да биде инклузивна, само така ќе имаме резултати

Во изработката на Националната стратегија за развој иницирана од УНДП, директорот на компанијата „Даути-Комерц“, воедно и почесниот претседател на ОЕМВП, Џемаил Даути, презентираше неколку препораки кои ќе бидат дел од оваа значајна стратегија за развојот на земјата, пренесува Инбокс7.

„Стопанската комора на северозападна Македонија е еден од главните актери кои ја иницираа потребата од креирање на долгорочна развојна стратегија. Во минатото, политиките беа водени од поделени стратегии кои се водеа од субјективни проценки и тесни партиски интереси. Негативните влијанија се чувствуваа насекаде, особено во економијата бидејќи немаше визија во која насока треба да се движиме. Изминавме долг пат, но постигнавме импресивни резултати. Во процесот на креирање на националната стратегија се вклучени претставници на власта, опозицијата, АШАМ, невладиниот сектор…, односно сите актери, што само по себе говори за нејзината извонредна важност“, изјави Даути за истражувањето на УНДП.

Related posts

Алиу: Балансерот за етнички вработувања треба да се замени

admin

Се „гуши“ ли Скопје од трговски центри среде беспарица и бетон

admin

СДСМ: Мицкоски и неговата партија не направиле ништо за Резолуцијата на Бундестагот

admin

„Фини“ кандидати, валкани ботови

admin

Претрес во Тетово, пронајдена дрога

admin

Избори 2024 низ призмата на бројките – кој колку доби а кој колку загуби

admin