13.8 C
Скопје
2 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Пратеници само за лични, партиски и бизнис-интереси

 

Најголем дел од испитаниците сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат нивните лични интереси, интересите на политичките партии, како и бизнис-интересите. Доминантен дел од анкетираните граѓани, исто така, сметаат и дека пратениците до некоја мера се зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат. Или изразено во проценти: околу 80% од анкетираните граѓани сметаат дека пратениците ги застапуваат само нивните лични интереси, 75% сметаат дека ги застапуваат интересите на политичката партија, а за бизнис интересите се изјасниле 64% од анкетираните.

Станува збор за истражување спроведено во периодот од февруари до април 2023 година, од страна на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје, во рамки на Програмата за парламентарна поддршка (ППП). Станува збор за теренска анкета и девет фокус-групи за подобро да се истражи јавната перцепција за работата на Собранието и политичките партии, квалитетот на живот, политичките прашања и довербата во Северна Македонија.

Иако најголем дел од граѓаните имаат перцепција дека пратениците имаат влијание врз квалитетот на законите, сепак тие не се задоволни од нивниот квалитет и сметаат дека тие се менуваат често. Токму донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието од страна на најголем дел од граѓаните. Сепак, нивното извршување од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани.

Related posts

Шефот на грчката дипломатија Герапетритис: Западен Балкан треба што побрзо да стане дел од ЕУ

admin

АА: ВЛАСТА ЛАЖЕ! НЕМА НАМАЛУВАЊЕ НА НЕВРАБОТЕНОСТА, ИМА ИСЕЛУВАЊЕ НА МЛАДИТЕ

ninja

С.Македонија го одби барањето на Украина за донација на воена опрема

admin

Трите грешки на ресорот правда

admin

Поддршка од САД за уставните измени – можеби изгледаат минорно, но се тешки

admin

Ќе паѓаат цените на основните производи

ninja