25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Се приближува крајот на скринингот, сеуште не се наѕира договор за уставните измени

Европската комисија го одржа вчера последниот билатерален состанок на скрининг-процесот со Албанија и Северна Македонија за овој Кластер 3 од правото на ЕУ. Експерти од Европската комисија, Албанија и Северна Македонија разменуваа за нивоата на подготвеност на земјите и разговараа за плановите на властите за понатамошно усогласување со правото на ЕУ, јавува Инбокс7.

Кластерот 3 за конкурентност и инклузивен раст опфаќа дигитална трансформација и медиуми, наука и истражување, претпријатија и индустриска политика. Ги опфаќа и социјалната политика и вработувањето, образованието и културата, како и царинската унија, економската и монетарната политика и оданочувањето.

Одржани се осум билатерални скрининг состаноци меѓу претставници на Европската комисија и претставници на Албанија и Северна Македонија, на кои се испитува состојбата на двете земји. Следниот чекор во скринингот на кластерот 3 ќе биде извештајот на Европската комисија до Советот за степенот на подготвеност на Албанија и Северна Македонија за пристап.

До крајот на ноември треба да заврши целиот процес на скрининг, а дотогаш С.Македонија ќе треба да го измени Уставот за да ги вметне етничките Бугари во Преамбулата. Сепак, по првата средба освен што нема договор, СДСМ  и ВМРО-ДПМНЕ уште повеќе ги влошија односите и довербата.

Уставните измени се обврска превземена од Францускиот предлог, кој лани беше усвоен од парламентите на С.Македонија и Бугарија. Истиот документ е анекс на Договорот за добрососедство меѓу двете земји, потпишан во 2017.

Related posts

ИМА ЛИ РУСКИ ЗАЧИН ВО МАКЕДОНСКО – БУГАРСКАТА ЧОРБА?

ninja

ОТВОРЕНА ВРАТА ЗА АА, ДИФЕРЕНЦИРАЊЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА

ninja

Бајден: Нема да му се поклонам на Путин

admin

Бајден поддржа обука на украински пилоти за борбените авиони Ф-16

admin

Државата ги „опари“ партиите

admin

Германската војска ќе достави помош од воздух за Газа

admin