27.8 C
Скопје
18 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

“Огнените” на ДУИ велат дека добиле закани, Ганиу: Животот ни е во опасност

Градоначалникот на општина Чаири, Висар Ганиу, кој исто така е дел од фракцијата на ДУИ, т.н. „Огнена група“, за АлсатМ вели дека добил од Мухарем Хасани, кој пред само два дена ја објави својата кандидатура за шеф на огранокот на ДУИ во Бутел, пренесува Инбокс7.

Ганиу за Алсат изјавил дека околу 20.00 часот му се јавил непознат број, кој се претставил како Мухарем Хасани.

Ганиу вели дека Хасан му се заканувал дека „Ти и Изет Меџити ќе се најдете утепани на улица“. А потоа продолжил со тешки пцовки и навреди.

Како што објаснува првиот човек на општина Чаири, заканите на Хасани доаѓаат по изјавата на Висар Ганиу во АЛСАТ каде што рече дека изборите на шефови на ограноци на ДУИ се нестатутарни.

Од друга страна, Хасани ги отфрли сите обвинувања, оценувајќи ги како шпекулации.

“Револтиран од лицата, кои имаа корист од Али Ахмети и ДУИ, со поддршка и придонес од сите нас низ годините, се отуѓи и оди против сето она што го поддржуваа 21 година по ред, додека сега – сите на еднаш, се спротиставуваат и ги  оцрннуваат оние од кои бараа поддршка во секој изборен циклус. Разочаран, но не и очаен, во целост ЈА ДЕМАНТИРАМ клеветата на Висар Ганиу за наводни закани од моја страна. Жалење за секој обид за валкање на демократските изборни процеси во ДУИ од страна на отуѓените од семејството што ги родило, ги одгледало и ги донело таму каде што се. Клеветите и етикетирањето нека бидат во нивна чест, ако ви останало малку чест!

П.С. Изјавата на Висар дека ме избрал Али Ахмети за огранокот Бутел, ми прави чест, иако доаѓа од личност која повеќе нема ни тронка чест!”, напиша Хасани на својот Фејсбук профил.

Related posts

Курти до Ескобар и Лајчак: Некои работи не се решаваат со притисок

admin

ВУЧИЌ ПРЕД СРЕДБАТА СО КУРТИ – НЕ ПЛАНИРАМ НИШТО ДА ПОТПИШАМ

ninja

Петковиќ: Опозициските профитери од Белград се подготвени да застанат на страната на Курти

admin

Дали коалиција со ВМРО-ДПМНЕ е „надвор од масата“ на Алијанса за Албанците?

admin

САД избегна банкрот, Конгресот изгласа да се зголеми лимитот на долгот

admin

Милошоски: СДС да се изјасни – или се за ДУИ, или за Македонија

admin