11.8 C
Скопје
5 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Курти до Ескобар и Лајчак: Некои работи не се решаваат со притисок

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека има недоразбирања во билатералните односи со американскиот емисар за Западен Балкан Габриел Ескобар и со европскиот емисар за дијалогот Косово-Србија Мирослав Лајчак, но додаде дека е убеден дека ќе успеат да ги разјаснат нејаснотии, јавуваат косовските медиуми,  пренесува Инбокс7.

„Бев конструктивен, посветен, креативен и сето тоа сум, но не мислам дека овие работи се решаваат со притисок и спомнување на последици, можеби дури и санкции на најдемократската и најпрогресивната држава на Западен Балкан. Убеден сум дека ќе успееме да ги разјасниме нејаснотиите. Имаме предизвици со европските и американските емисари, но нашите билатерални односи со ЕУ и САД се одлични“, рече Курти.

Вака косовскиот премиер одговори на новинарско прашање за изјавата на Ескобар дека доколку Приштина сака да оди кон евроинтеграциите треба да формира Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

За време на средбата на 5 јуни во Приштина со Ескобар и Лајчак, Курти рече дека понудил „стабилен и безбеден излез“ од кризата на северот, која, според него, била предизвикана од „нелегалните и паралелните структури на Србија таму.

„Првата е владеење на правото. Имаме десетици војници на НАТО, косовски полицајци и новинари кои беа жртви на невидена бруталност на насилни екстремисти и криминални групи. Во Собранието на Косово спомнав 33 имиња, 5 се во затвор, другите не. И сите овие криминалци, насилни екстремисти кои тој ден се однесуваа како фашистичка милиција треба што поскоро да бидат изведени пред лицето на правдата. Некои од нив дојдоа од Србија во Косово. Значи, првата точка е владеење на правото“, рече Курти во изјава за медиумите во Митровица.

Тој рече дека овие „криминални групи“ мора да се соочат со правдата за „злосторствата и прекршоците што ги направиле, од палење автомобили до повреди со огнено оружје, шок бомби и рачни бомби“.

„Втората е дека во согласност со отстранувањето на овие групи и крај на сите насилни немири, треба да го намалиме присуството на полицијата во општинските згради во трите општини на север и потоа да можеме да се вклучиме во демократски процес на предвремени избори бидејќи сме свесни дека изминатиот пат излезеноста беше многу мала. Така да, нови избори, предвремени избори, но по владеење на правото и по подготовка на теренот“, рече Курти.

Според него, подготовката на теренот за предвремени избори во општините на северот на Косово, населени со мнозинство Срби, значи дека тие се слободни и дека има и слободна, фер и демократска предизборна кампања.

„Подготвен сум за дискусии, разговори, но повторувам, никогаш нема да ја предадеме нашата демократска република, нашата независна држава, суверено Косово, за секоја цена, на фашистичката милиција, на овие криминални групи и екстремисти“, рече Курти.

Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, на 6 јуни изјави дека ситуацијата на северот на Косово мора веднаш да се де-ескалира и дека не сака да чека до јули за нови избори.

Ескобар ги даде коментарите пред новинарите во Белград, каде што патуваше заедно со претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Еден ден претходно двајцата дипломати престојуваа во Приштина.

Србите, по повиците од Белград, ги бојкотираа изборите на 23 април, од кои излегоа градоначалниците Албанци на општините на север: Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Кризата на северот, која прерасна во насилство, започна на 26 мај, кога албанските градоначалници на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, и покрај отпорот на локалните жители, влегоа во општинските објекти за да ја преземат функцијата.

Курти рече дека е разочаран од меѓународните фактори кои, според него, не гарантираат учество на Србите на изборите во април, „како што ни ветија“.

„Не ни остана ништо друго освен да ги организираме заклетвите и влезот на нашите градоначалници во општинските згради бидејќи 28 мај беше последниот законски рок. Тоа не се тактички одлуки на Владата на Косово, напротив, тоа се законски обврски кои педантно ги спроведувавме”, рече Курти.

Додека се уште траат протестите, Ескобар и Лајчак излегоа со три барања до премиерот на Косово, Албин Курти: смирување на ситуацијата на северот, одржување нови избори и враќање на дијалогот за нормализација на Односите Косово-Србија.

Related posts

Случајот со убиството на Вања: Осомничените ја зборуваат вистината

admin

Ни криви, ни должни- граѓаните мора да платат за новите пасоши, иако не им поминал рокот

admin

Според чија волја се управува Северна Македонија?

admin

СРЕДБА ОСМАНИ – ФИДАН ВО ЊУЈОРК: Трговската размена со Турција надмина една милијарда долари

admin

Изет Меџити за РСЕ: Ќе се војува против корупцијата

admin

Екс министерот Сали не знаел за КАТО системот на Онкологија

admin