9.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Пендаровски реагира за посетата на Курти: Организаторите мора да бидат казнети

Истакнувањето на провокативна националистичка иконографија што промовира великодржавни шовинистички идеи претставува разгорување на етничка омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат основните принципи и вредности на Рамковниот договор како и концептот на Македонија како мултиетничка држава, вели претседателот на државата, Стево Пендаровски,  во неговата реакција за протоколот на косовскиот премиер Албин Курти, при посетата на Чаир и Тетово во петок, пренесува Инбокс7.  

“Организаторите на јавните собири во Тетово и во Чаир мора да бидат законски санкционирани за кршењето на законските одредби во однос на употребата на државното знаме и химна и знамињата и симболите на заедниците, со целосно игнорирање на симболите на државата. Во таа насока ги повикувам надлежните органи во најкус можен рок да ги завршат пропишаните постапки.”

“Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина.”, вели Пендаровски.

Related posts

ВУЧИЌ: СРБИЈА МОЖЕ ДА БИДЕ ЦЕЛОСНО ИЗОЛИРАНА АКО ГО ОТФРЛИ ЕВРОПСКИОТ ПЛАН ЗА КОСОВО

ninja

Мерц изборниот пораз го нарече „катастрофа“, но одбива да замине

admin

Шест милиони евра субвенции за летови по нов модел

admin

Колозова: Ќе ги мобилизираме сите капацитети за европски реформи во образованието

admin

ЕУ привремено го затвори поглавјето за трансевропските мрежи во преговорите со Црна Гора

admin

Од Охрид испратена порака за посилно партнерство меѓу Македонија и Србија

admin