17.8 C
Скопје
10 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Ескобар доаѓа во С.Македонија – дали американците ќе ги туркаат напред евроинтеграциите?!

Заменик-помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави (САД), на 24 и 25 август ќе престојува во посета на Скопје и ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија за МИА од кабинетот на шефот на државата. Предвидено е да има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пренесува Инбокс7.

Американскиот висок дипломат доаѓа во посета на земјата, по една недела откако во Собранието, започна процедурата за уставни измени, со кои меѓудругото во Уставот ќе треба да се внесат и Бугарите.

Измените се потребни за да продолжи евроинтегративниот процес на Северна Македонија. На седницата во петокот се дебатираше за иницијативата дали да се менува Уставот, но по дебатата немаше гласање, тоа е оставено за тогаш кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. За да се усвои потребата од измени на Уставот треба да гласаат 80 пратеници, односно дветретини од вкупно 120-те парламентарци.

Власта тврди дека има поддршка од 72 пратеници и дека и требаат уште осум за двотретинско мнозинство. Но на гласање на 18 август за утврдување на дневен ред на седницата, гласаа 70 пратеници. Потоа премиерот објаснуваше дека еден од пратениците бил отсутен, а еден имал проблеми со „копчето“ за гласање.

Во јули, Ескобар во дебата за Западен Балкан пред Поткомитетот за надворешна политика на Конгресот на САД изјави дека САД го поддржуваат процесот за уставни измени што ќе го овозможи пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ. Тој рече дека се ангажирани и со новата Влада на Бугарија за да се осигура дека нема да поставува нови барања.

Агелер: Просперитеттот и безбедноста – само во ЕУ

Angela P. Aggeler |
U.S. Ambassador to North Macedonia

Амбасадорката на САД во Скопје, Анџела Агелер, во вторник изјави дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европската унија (ЕУ) и изрази надеж дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа, изјави денеска

Прашана за нејзин став во однос на процесот за уставни измени, Агелер по денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека не е нејзино да зборува за тоа, но дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ.

„Навистина сметам дека не е мое да зборувам за тоа како тече процесот на уставните измени. Јас сум амбасадор на САД. Ние не сме дел од Европската Унија, но кога ја гледам границата и големиот број возила кои влегуваат и излегуваат, сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европа и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа. Границата со Грција не потсетува на тешките одлуки што оваа земја веќе ги направи, и знам дека и ова е тешко, но ги охрабрувам граѓаните да им дадат до знаење на нивните политичари дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ“, изјави Агелер.

Се разговара со секој пратеник – поединечно!

Се разговара со секој пратеник затоа што сега одговорноста е кај пратениците, одговори денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарското прашање поврзано со потрагата на власа по двотретинско мнозинство за гласање во Собрание за уставните измени со кои треба да се вметнат Бугарите во Преамбулата, услов за продолжување на преговорите со ЕУ. Тој посочи дека една од клучните цели и приоритети на државата е членството во Европската Унија, пат кој што, како што вели нема друга алтернатива.

„Изолацијата на државата, посебно изолација која што доаѓа од внатре е неприфатлива. Се разговара со секој пратеник заради тоа што сега одговорноста е на пратениците, оние коишто ги претставуваат граѓаните. Мислам дека никој нема право да ја држи во заложништво перспективата на македонските граѓани“ одговори Спасовски на денешното одбележување на Денот на Единицата за брзо распоредување во Куманово.

Тој посочи дека и во наредниот период ќе продолжат низ дијалог да бараат начин за да бидат донесени уставните измени кои се неопходни за земјава да го продолжи евроинтеграцискиот процес.

Спасовски вели дека е важно политичарите да бидат разумни, да не гледаат за свој личен интерес и од денеска за утре, туку да гледаат визионерски со цел земјава да стане што е можно побрзо дел од европското семејство.

Уставните измените се потребни за да продолжи евроинтегративниот процес на Северна Македонија. На седницата во петокот се дебатираше за иницијативата дали да се менува Уставот, но по дебатата немаше гласање, тоа е оставено за тогаш кога ќе се обезбеди двотретинско мнозинство. За да се усвои потребата од измени на Уставот треба да гласаат 80 пратеници, односно дветретини од вкупно 120-те парламентарци.

Related posts

Зошто Северна Македонија, Бугарија и Русија не се натпреваруваат на Евровизија оваа година?

admin

Мицковски: Средбата заврши со неуспех, добро е што се воспостави комуникација – сме за влада без ДУИ

admin

Илон Маск: Вградивме безжичен чип во човечки мозок

admin

Регистер со иматели на бугарско државјанство како нов попис

admin

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja

Алиу: Ќе дигитализираме 150 услуги, вака ќе се намали корупцијата

admin