11.8 C
Скопје
17 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Благ пораст на бројот на вработени во индустријата

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, изнесува 100.4.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи опаѓање од 2.7 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 0.8 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 4.2 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0 %,
Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % и Нетрајни
производи за широка потрошувачка за 2.7 %.

Related posts

Данас: Можно ли е “Српската листа” да биде прогласена за терористичка организација?

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja

ЈА ГУБИ ЛИ МАКЕДОНИЈА БОРБАТА ПРОТИВ РАКОТ?

ninja

Со кола возел 6 мигранти, приведен србин во Неготино

admin

Мицкоски – Брисел да даде гаранции дека нема да има идно вето

ninja

Вучиќ и Пендеровски на пат кон Врање: Ќе го угостиме како што доликува

admin