14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Истражување на РСЕ: Таткото на министерот Бочварски планира да гради фабрика и фотоволтаична централа

И таткото на министерот Бочварски влегува во друштвото на семејства на политичари кои отворија компании за производство на електрична енергија. Во овој бизнис досега влегоа сопругата на екс премиерот Ковачевски, Елена, синовите на поранешниот премиер од СДСМ Зоран Заев, Душко, на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Шкумбин, како и синот на неговиот сопартиец Муса Џафери, Арјанит.

  • Иако министерот Бочварски вели дека неговото семејство не е во бизнисот со струја, сепак, компанијата „Техноинвест“ на неговиот татко Венцислав има и фирма “Техноенерџи“ за производство на струја и почнала постапка за урбанизирање на земјиште
  • Поголемиот дел од земјиштето на кое се планира изградба на фабрика и фотоволтаична централа се во државна сопственост и подрачје на кое има археолошки локалитети.
  • Од компанијата „Техноинвест“ не откриваат каков објект ќе градат од лесно загадувачка индустрија, ниту ја прецизираат големината на енергетскиот капацитет, кој може да биде до 10MW.

 

„Никој од моето семејство не влегол во бизнисот со струја“. Ова го изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во интервју за РСЕ во декември 2023 година, како одговор на прашањето поврзано со компанијата „Техно енерџи“ чија дејност е за производство на електрична енергија, а во која управител е неговиот татко Венцислав.

„Техно енерџи“ е компанија формирана во јануари 2023 година и е во сопственост на компанијата „Техноинвест“ од Штип. Како нејзини сопственици, пак, заведени се таткото и чичкото на министерот Бочварски, Венцислав и Владимир Бочварски.

Сепак, јавно достапен документ открива дека во периодот на основањето на „Техно енерџи“, фирмата мајка „Техноинвест“ започнува процедура за изработка на урбанистички план во штипското село Караорман за изградба на фотоволтаична централа и објект од лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија.

Целото истражување е достапно ТУКА

 

 

Related posts

Британија ја „мами“ Антропик по судирот со Пентагон

admin

Северна Македонија и Бугарија одбележуваат 122 години од смртта на револуционерот Гоце Делчев

admin

Нова криза во односите меѓу Македонија и Бугарија

admin

Трамп се „самопрогласи“ за Папа: Објава која предизвика бес кај католиците

admin

ЕУ го воведува новиот систем за влез и излез: Што е ЕЕС?

admin

Скандал што никогаш не се расчисти: Кој и зошто носел мозоци од Македонија во Америка?

admin