14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Џафери: Тие што ме критикуваат нека се погледнат во огледало

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за Дојче Веле вели дека превирањата во владата предизвикани од расколот во Алијансата за Албанците (АзА) ќе се надминат брзо и се ќе се одвива како што треба, пренесува Инбокс7.

“Јас не се согласувам дека се случил потрес во Владата. Потресот е кај еден од учесниците во Владата, и тоа е работа на субјектот кој што се соочува со тоа. Работата во Владата се одвива во рамки на она што е во надлежност и обврска на Владата. Владата потполно функционира. Преземени се соодветни активности и мерки по однос на решавање на статусот на тие членови во Владата соодветно на процедурата која што е пропишана и надлежностите дадени со Устав и со закон” вели Џафери.

Прашан дали ДУИ прави притисок врз Алијанса за да тргува во предизборните комбинаторики, на пример за заеднички листи, Џафери со одговор: “Јас не знам од каде ви е впечатокот за ДУИ и зошто треба јас да одговарам за тоа што прави и како прави ДУИ. Јас како претседател на Владата одговарам за Владата, а фактот што сум член на некој субјект од политичките партии тоа не значи дека сум одговорен по однос на постапувањето и односите меѓу политичките партии. Јас си водам сметка да ја водам Владата во однос на она што се законите, прописите, процедурите на функционирањето на Владата.”

Соработката со министрите на ВМРО-ДПМНЕ, според Џафери, е соодветна, колегијална, во смисла на она што се права и обврски на сите членови на Владата и “се третираат како членови на Владата без оглед од кој субјект доаѓаат”.

“Така што, немам поинаков пристап кон нив без оглед што се опозиционо определени односно како дел од опозицијата се влезени во Владата како дел од Пржинскиот договор. И во тој контекст тие се членови на Владата со исто право и надлежност да спроведуваат она што е работа на Владата. Така да, колегијален е односот како и со сите други членови на Владата”, вели тој.

Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ и критиките за него, Џафери вели дека тој бил министер во влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, без оглед дали тоа била влада на Никола Груевски, или сегашна или чија и да е. “Значи сум бил и во влада на ВМРО-ДПМНЕ ако можам така да кажам, иако владите не се на партиите туку се на граѓаните и на државата. Така да како институција не може да се присвојува, моја, ваша, или не знам чија влада. Владата си е на државата, а учесници во таа влада се различни субјекти според нашите актуелни состојби во смисла на шареноликоста на политичките субјекти кои што учествуваат во владата”, вели Џафери.

Во врска со пушењето во Собранието на денот кога беше избран, тој вели:”Очигледно, има и за тоа одговор: Има соодветна институција да поднесе соодветна претставка, јас ќе понесам одговорност како и сите граѓани. Тоа беше грешка, но ете можеби атмосферата била таква и се случи тоа. Така што, не порекнувам дека тоа е нешто што не требало да се случи, затоа има институција која може соодветно да реагира и јас соодветно ќе одговорам на реакцијата.”

 

Related posts

Трамп даде ултиматум, Иран е подготвен за соработка

admin

Сите банки во земјава се приклучија на СЕПА шемата за кредитни трансфери

admin

САД предупредија на дезинформации пред изборите

admin

ДУИ и ВЛЕН разменуваат обвинувања за корупција и изборни манипулации

admin

Харис и Трамп со меѓусебни критики од почетокот на дебатата

admin

Паника кај штедачите? Филипче бара одговор што се крие зад најавите за вториот столб

admin