10.8 C
Скопје
6 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Груби: Али Ахмети ќе ја одредува и идната влада

Вицепремиерот Артан Груби изјави дека идната влада ќе ја формира ДУИ на Али Ахмети како што тој сака.

Во емисијата Пресинг на ТВ Клан Македонија Груби рече дека ДУИ води на секоја анкета, споменувајќи го случајот од 2017 година каде токму ДУИ стана клучен фактор кој го врати СДСМ од десетгодишната опозиција на власт.

„Следната влада на Македонија ќе ја прави Али Ахмети и тој ќе ја избира! Имаме мало седиште во Речица и таму сме Кингмејкери во изборните определби. Го споменав случајот во 2017 година кога СДСМ дојде на власт по 10 години опозиција, во вториот мандат го имаме првиот албански премиер, како ветување од таа кампања… Ние во иднина ќе бараме да имаме мандатар за формирање влада како и да го избереме претседателот на државата во Собранието…“, изјави Груби.

На новинарските прашања за мешањето на премиерот на Косово, Албин Курти во изборите во РСМ, Груби одговори дека такви интервенции имало и претходно, но безуспешно.

„Сите случувања ги чувствувам како мои, не само јас туку и сите Албанци во Македонија.  Вчера градот Призрен го прогласи господинот Али Ахмети за почесен граѓанин. Премиерот Курти го познавам долги години, кога соработувавме со различни организации, тогаш бев во „Разбуди се “. Курти интервенираше во Македонија и Албанија од 2005-2006 година, директно учествуваше на последните избори, држеше говори на митинзи на опозицијата. На претседателските избори господинот Курти го поддржа и господинот Блерим Река, но не успеа, па во тоа време немавме ниту кандидат бидејќи ја промовиравме идејата за консензуалност. Според сите анкети, ДУИ победува, без разлика што вели опозицијата. Го имаат Беким Ќоку, но тој веќе премина од ДПА и АзА, сега во Самоопределување. Али Ахмети не научи да водиме меѓуинституционални односни за меѓудржавни проекти со секој соседен политичар, без поделби и без разлики“, изјави Груби.

Related posts

Македонија одбележа 24 години од загинувањето на десетте бранители кај Карпалак

admin

Три рунди разговори во Киев: Зеленски откри што донесоа Виткоф и Кушнер од Москва

admin

Војната стигнува длабоко во Русија: Москва тврди дека била цел на 600 украински дронови

admin

Агелер: Судски совет треба да ги казнува оние кои мислат дека се над законот

admin

Софија и Скопје го продлабочуваат јазот – Брисел алармира

admin

1.500 основци помалку, 600 наставници повеќе за една година

admin