25.8 C
Скопје
21 мај, 2024
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Премиерот Џафери во Приштина, но не по покана на Курти

Премиерот на Република Северна Македонија, Талат Џафери во Приштина, следната недела ќе престојува во официјална посета во Косово, на покана на претседателот на соседната држава, Вјоса Османи.

Како што дознава Инбокс7, Џафери уште од средината на март испратил барање за посета на Косово, но од неговиот косовски колега добил одговор дека може да го прими дури на 12 јуни. Овој одговор бил протолкуван како циничен од причина што на тој датум се очекува да биде избран нов премиер кој ќе произлезе од парламентарните избори на 8 мај.

Причина за ваквиот однос кон Џафери се верува дека лежи во директната подршка на Курти кон опозициската коалиција на албански партии ВРЕДИ и неговите амбиции за да ја победи ДУИ. Во последните денови Курти имаше неколку средби со лидерот на ВРЕДИ и претседателски кандидат, Арбен Таравари.

Не се знае дали ќе има воопшто средба Џафери-Курти во Приштина, додека во медиуми блиски до владејачката Самоопределување беше објавено соопштението дека Курти ќе престојува во Германија и Швајцарија заедно со лидерите на ВРЕДИ за да оствари средба со албанската дијаспора од РСМ, со цел да ги мобилизира да доаѓаат и да гласаат на 8 мај.

Инаку, на листата на кандидати за пратеници на ВРЕДИ има и тројца претставници на Самоопределување, од кои еден е советник на премиерот на Косово, Албин Курти. Сите овие кандидати се државјанини на РСМ.

 

Related posts

Западот нема да дозволи уништување на ОБСЕ

admin

ЕУ ОЧЕКУВА СРБИЈА ДА СЕ АКТИВИРА ВО БОРБАТА СО ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ

ninja

Москва е нападната, итна евакуација на населението

admin

Дали се реални ветувањата за повисоки пензии?

admin

Во Скопје се разговара за европската перспектива на регионот

admin

Џо Бајден ќе го посети Израел

admin