22 C
Скопје
8 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Четврта недела без чиста вода: Гостивар чека решение, партиите бараат виновник

Гостивар влегува во четвртата недела од кризата со водата за пиење, додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја засилуваат меѓусебната политичка пресметка околу тоа кој е одговорен за долгогодишните проблеми со водоснабдувањето и актуелната здравствена состојба.

Од ВМРО-ДПМНЕ во петокот го обвинија СДСМ дека проблемите со квалитетот на водата биле познати и во периодот кога партијата раководела со централната власт, но дека не биле преземени доволно мерки за нивно решавање.

„Талогот на СДС, кој сега глуми грижа за здравјето на граѓаните, печали политички поени и шири хистерија за водата за пиење, додека беше на власт и раководеше со институциите, ништо не направија да ги решат проблемите“, изјави функционерот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Манасиевски.

Владејачката партија го прозва и лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче, тврдејќи дека институциите во времето на претходната власт знаеле за проблемите со водата во Гостивар, но не обезбедиле трајно решение.

Обвинувањата доаѓаат откако СДСМ во изминатите денови ја засили критиката кон актуелната влада поради справувањето со кризата. Опозициската партија тврди дека институциите реагираат бавно и бара одговорност за здравствените последици и за начинот на кој се управува со водоснабдувањето.

Според податоците објавени од здравствените власти и медиумите, во гостиварската болница и натаму дневно се прегледуваат десетици пациенти со гастроинтестинални симптоми. Дел од случаите се поврзуваат со епидемиолошката состојба, додека здравствените власти велат дека дел може да се должат и на сезонски стомачни инфекции и високите температури.

Министерството за здравство претходно соопшти дека од 14 јули до 3 август биле извршени 4.762 прегледи, поднесени 1.071 формални пријави за заразна болест и изработени 748 нови епидемиолошки анкети.

Нов спор меѓу власта и опозицијата отвори и најавата дека дополнителните анализи на водата ќе бидат завршени до 20 август. СДСМ оцени дека рокот е предолг и дека граѓаните не смеат уште две недели да останат без јасен одговор за безбедноста на водата.

Додека трае политичката пресметка, клучното прашање за жителите останува нерешено – кога водата од градскиот водовод повторно ќе биде безбедна за пиење.

Related posts

Трамп вели дека Украина не се обидела да го погоди резиденцијалниот имот на Путин

admin

Иџет Мемети призна вина и се спогоди со Обвинителството

admin

Истрагата за Артан Груби е завршена

admin

Шеќеринска повика на поблиска соработка меѓу НАТО и ЕУ во услови на зголемени безбедносни предизвици

admin

Италија испрати 40 одбиени баратели на азил во Албанија под новата шема за миграција

admin

На повидок жешко политичко лето

admin