8.8 C
Скопје
1 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОН

Вучиќ и Курти ќе се сретнат на 26 јуни: Прва средба после една година тензии

Лидерите на Србија и на Косово ќе се сретнат следната среда, на 26 јуни во Брисел, потврди портпаролот на Европската унија (ЕУ) Петер Стано.

Ова ќе биде прва средба на највисоко политичко ниво годинава. Средбата се одржува во рамки на дијалогот за нормализација на односите, а домаќини ќе бидат шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и специјалниот европски пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак.

„На покана на високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел, на следниот состанок ќе учествува и премиерот на Република Косово. Главен фокус на овој состанок ќе биде имплементацијата на основниот договор и неговиот анекс, како како и патот напред“, изјавија од кабинетот на премиерот Аљбин Курти (Албин) за Радио Слободна Европа.

Засега од европската страна нема детали за агендата на идната средба на лидерите.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти последен пат се сретнаа на 14 септември минатата година.

Потоа се разговараше за имплементацијата на договорниот план што лидерите го постигнаа претходно во 2023 година во Брисел и Охрид. Средбата беше неуспешна, а заврши со тоа што косовскиот премиер отворено го обвини европскиот посредник Мирослав Лајчак дека „не е неутрален“.

Десетина дена подоцна се случи напад во Бањска, каде вооружени групи Срби ја нападнаа косовската полиција при што загина еден полицаец. За време на конфликтот беа убиени и тројца српски напаѓачи, што предизвика загриженост за стабилноста во регионот.

На крајот на октомври имаше уште еден неуспешен обид за зближување на страните, каде што се приклучија и клучните лидери од европските земји: германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Џорџија Мелони.

Related posts

Бајден ќе стави вето на пакетот помош за Израел во Претставничкиот дом, вели Белата куќа

admin

Фатон Азизи цели кон врвот на Обвинителството за организиран криминал: од „Адитив“ до високата корупција

admin

Притисокот и автоцензурата ја менуваат медиумската сцена во Хонг Конг

admin

Од Европски фронт во ВМРО-ДПМНЕ: Последниот потег на Мицкоски ја смени политичката карта

admin

Силјановска-Давкова: Интеграцијата на Балканот клучна за комплетна Европска унија

admin

Ахмети со отворено писмо: Нема враќање назад за албанскиот јазик

admin