26.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Меџити: Писмата на Ахмети – празни муабети

Заменик-претседателот на Владата, Изет Меџити, не сметал за потребно да ги коментира писмата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, испратени до премиерот Христијан Мицкоски, албанскиот премиер Еди Рама, како и до меѓународните претставници, пишува весникот Лајм.

За време на инспекцијата на работите на делницата од автопатот Гостивар-Букојчани, кој е дел од коридорот 8, Меџити рече дека актуелната влада не се занимава со празни разговори, туку со конкретна работа.

„Денеска не сме тука за писма, не сме тука за празни разговори, денес сме тука за конкретна работа. Не сме тука ниту за да играме фудбал, туку сме тука за важна и конкретна работа како што е коридорот 8 и ми е драго што работите за овој важен проект за државата почнуваат да се реализираат со голема динамика“, рече Меџити.

Related posts

Таравари: Излегуваме од владата и одиме на избори ако не поминат уставните измени

admin

Нов удар за Евровизија: Холандија се повлекува од натпреварот во Бугарија

admin

ДУИ бара одговори за наводна средба на Изет Меџити со српскиот функционер Вулин

admin

Регионалната соработка е најсилната валута на Западен Балкан, вели Капетановиќ на состанокот во Белфаст

admin

ФИНКИ ќе ги добие двете недовршени згради кај Ректоратот на УКИМ, ќе се доградуваат по нови проекти

admin

8,2 милиони евра во центарот на политичката битка: ВЛЕН и ДУИ се судрија за случајот „Државна лотарија“

admin