26.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Кочанчанец се врза на бандера во Скопје, бара поддршка за повредените од трагедијата во дискотеката „Пулс“

Жителот на Кочани, Мартин Кировски, денеска со леплива лента се врза за бандера на Плоштадот Македонија во Скопје, во знак на протест против, како што рече, колективното заборавење на трагедијата во дискотеката „Пулс“, во која на 16 март загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

„Толку ли брзо нè заборавивте? Овие деца немаат прсти, ќе носат ракавици цел живот. Една чини 1.000 евра. Ако ништо друго, помагајте за нив,“ изјави Кировски, облечен во маица со логото на граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Тој додаде дека во пожарот загубил пет другари.

Кампањата има за цел да привлече внимание кон финансиските тешкотии на преживеаните, чие лекување продолжува. Според иницијативата, донациите драстично се намалиле.

Во меѓувреме, „Супорт Кочани“ соопшти дека повредените млади од пожарот кои се на домашно лекување, треба да се пријават за да добијат компресивна облека за заштита на изгорениците. Изработката ќе ја вршат стручњаци од бугарска компанија во координација со Општата болница во Кочани.

„Облеката е неопходна за заштита од сонце и ревитализација на кожата,“ рече д-р Кристина Серафимова, директорка на болницата.

Донацијата од 40.000 евра е обезбедена преку црквата „Св. Архангел Михаил“ од Нејви, Италија, и ќе се користи за набавка на облеката, информираа од „Супорт Кочани“. Изработувачите ќе бидат во Кочани од 12 до 14 мај.

 

 

 

 

Related posts

Меџити до Костадиновски: Ако сакаш политика, остави го Уставниот суд

admin

Стратегијата што ја променува Америка – и ја вознемирува Европа

admin

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во жесток судир околу заплената на марихуана

admin

Македонија ја губи битката со иселувањето, Европа привлекува работници

admin

Интерпелации со однапред познат исход

admin

СДСМ: Наместо реформи, Мицкоски продуцира судири со соседите

admin