23.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија следна станица за мигранти од САД? Еве што знаеме досега!

Владата на Северна Македонија потврди дека се согласила да прифати македонски државјани со нерегулиран престој во САД, но не прецизира дали се водат разговори со Вашингтон за евентуален прием на мигранти од трети земји, како дел од поширока американска стратегија за справување со илегалната миграција.

Портпарол на Владата изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека по доаѓањето на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, биле контактирани за прифаќање на македонски државјани во случај на депортација. „Бидејќи се работи за македонски државјани, Владата го прифати барањето,“ соопштија од Владата.

Прашањето дали Северна Македонија би можела да биде земја-домаќин за мигранти од трети земји останува отворено. Косово веќе потврди дека привремено ќе згрижи до 50 лица, додека Црна Гора демантираше какви било разговори со САД по тоа прашање.

Според Бојана Божиновска Силјановска од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), земјата е правно обврзана да ги прифати своите државјани, но евентуално прифаќање лица од трети земји би барало билатерални договори и гаранции за почитување на човековите права.

„Ако станува збор за мигранти или бегалци, државата мора да обезбеди соодветна постапка, со гаранции дека нивните права – особено правото на живот – нема да бидат нарушени,“ рече Божиновска Силјановска за РСЕ.

Американскиот „Блумберг“ неодамна објави дека администрацијата на Трамп побарала од Србија да прифати мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела. Од Стејт департментот за РСЕ изјавија дека се водат регионални разговори, но не дадоа детали.

„Соработуваме со регионалните партнери за справување со нелегалната миграција,“ соопшти Стејт департментот.

Повеќе детали за евентуално вклучување на Северна Македонија не се достапни. Владини извори велат дека засега нема официјални договори за привремен прием на странски државјани.

 

 

Related posts

Огнените од ДУИ против една изборна единица

admin

ВЛЕН официјално станува една партија – Лимани и Фетаи надвор

admin

ДАЛИ „СТРАНСКО ТЕЛО“ ЌЕ ГО ОПРАВИ МАКЕДОНСКОТО СУДСТВО?

ninja

Пендаровски не верува во големи промени во НАТО по изборите во САД

admin

Северна Македонија и Косово во голема мера зависат од јагленот како главен извор на енергија

admin

Српската „Ало“ сака да влезе во Македонија, институциите ја ставија трансакцијата под проверка

admin