28.2 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Инфлацијата ја јаде реалната заработка: граѓаните работат по две смени за да преживеат

Животот за македонските граѓани останува неподносливо скап, и покрај стабилизирањето на цените на енергенсите. Инфлацијата е сè уште висока, а сè повеќе луѓе се принудени да бараат дополнителна заработка само за да го поминат месецот, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство пораснала за 86 проценти во последните четири години – од околу 35.000 денари во декември 2021 година на повеќе од 65.000 денари во септември 2025.

„Greedflation“ – инфлација поттикната од алчност

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од Институтот за економски истражувања во Виена вели дека главниот двигател на ценовниот раст не се трошоците за труд или енергија, туку профитите на компаниите, особено во трговијата со основни производи.
„Во ЕУ веќе е потврдено дека инфлацијата во 2022 и 2023 година беше предизвикана од профитите, поради што се појави терминот ‘greedflation’ – инфлација поради алчност. Истото се случува и во Македонија,“ изјави Јовановиќ за РСЕ.

Тој додава дека новиот бран поскапувања започнал во мај и јуни, веднаш по укинувањето на замрзнатите цени, кога платите речиси не се зголемиле, но профитите – да.

Владата: повисоки плати и побарувачка го одржуваат растот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека тековната инфлација е последица на зголемувањето на платите и пензиите кои ја поттикнуваат побарувачката, како и на засилената кредитна активност. Тој најави мерки за ограничување на државната потрошувачка и можни интервенции на Народната банка за поскапување на кредитите.

Опозицијата, пак, обвинува дека Владата нема стратегија за справување со високите цени и дека товарот на инфлацијата повторно паѓа врз граѓаните.

Комисијата за заштита на конкуренцијата отвори постапки против четири поголеми трговски синџири – Веро, Тинекс, Кам и Рептил – поради сомневање за координирано влијание врз цените и нарушување на пазарната конкуренција.

Цените растат побрзо од платите

Податоците на ССМ покажуваат дека најголем раст на цените има кај „Култура и рекреација“ – над 423 проценти, а кај „Облека и обувки“ растот изнесува над 160 проценти. Храната и пијалаците поскапеле за 55 проценти, а транспортот за 79 проценти.

Во ист период, минималната плата пораснала за 60 проценти, а просечната за 51 процент, што значи дека реалната куповна моќ опаѓа. Просечната пензија е зголемена за околу 65 проценти, но трошоците за живот растат побрзо, велат од ССМ.

„И покрај растот на платите и пензиите, реалниот животен стандард се влошува бидејќи цените и основните трошоци растат побрзо од приходите,“ изјави за РСЕ Слободан Трендафилов од ССМ.

Светска банка: базичната инфлација останува висока

Според Светската банка, инфлацијата во Северна Македонија забрзала по март 2025 година, достигнувајќи 4.8 проценти до јули. Земјата, заедно со Србија, се соочува со највисоки стапки во регионот, при што најголем проблем е базичната инфлација – раст на цените во услужниот сектор.

„Постојаниот јаз меѓу растот на платите и продуктивноста ги зголемува притисоците врз конкурентноста,“ се наведува во извештајот на Светската банка.

Сепак, Јовановиќ оценува дека предупредувањата за прекумерен раст на платите се погрешно насочени.
„Продуктивноста во Македонија изнесува околу 53 отсто од просекот во ЕУ, а платите само 33 отсто. Тоа значи дека платите треба да растат побрзо, а не обратно,“ изјави тој за РСЕ.

Related posts

Што покажуваат новите оружја на големата парада за воената моќ на Кина

admin

Како Милчо Манчевски за филмот „Сенки“ ја изиграл владата на Груевски и лапнал 1 милион евра

admin

Секс-скандал во Кичево предизвикаа политички бурa, Дехари: Оркестрирана акција

admin

Фолксваген објави огромен профит

admin

Синдикатот на културата поднесе кривична против министерот Љутков, тој ги отфрли

admin

Историски пресврт: Стармер и Си најавија нова ера меѓу Лондон и Пекинг

admin