20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Секс-скандал во Кичево предизвикаа политички бурa, Дехари: Оркестрирана акција

Актуелниот градоначалник на Кичево и кандидат за четврти мандат од Алијансата за Албанците, Фатмир Дехари, реагираше на социјалните мрежи по, како што рече, „координирана кампања на уцени и манипулации“ насочена против него во текот на изборната трка.

Во објава на „Фејсбук“, Дехари наведе дека последните денови е цел на „монтирани, фабрикувани и целосно невистинити материјали“ чија цел е да ја нарушат неговата лична и политичка репутација. Тој тврди дека содржините што циркулираат на интернет ја засегаат неговата приватност и имаат за цел да ги нарушат односите со неговото поблиско опкружување и со граѓаните кои, како што рече, го познаваат со години.

„Не е случајно што сето ова се случува токму сега, во пресрет на важен политички процес“, напиша Дехари, додавајќи дека кампањата има за цел да ги демотивира неговите поддржувачи и да ја фаворизира ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот кандидат.

Дехари оцени дека акцијата е „оркестрирана со јасни политички и лични мотиви“, нагласувајќи дека нема да дозволи „клевети, монтирани видеа или притисоци од било каков вид“ да го спречат во неговата работа.

Градоначалникот посочи дека веќе презел правни чекори за целосно расветлување на случајот и за заштита на своето достоинство, семејството и институцијата што ја претставува.

„Вистината може да доцни, но секогаш излегува на виделина“, напиша Дехари, додавајќи дека со достоинство и смиреност продолжува да работи „во служба на Кичево“.

Локалната политичка сцена во Кичево се најде во центарот на контроверзија по појавата на аудио-снимки што, според објавите на социјалните мрежи, наводно го прикажуваат Фатмир Дехари, во непристојни разговори со жени вработени во општината.

Снимките, објавени на „Фејсбук“ од профил со името Ел Чека, предизвикаа серија политички реакции, вклучувајќи ја и изјавата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Ангелова, која на прес-конференција рече дека „градоначалникот на Кичево мора да поднесе оставка“.

„Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив е понижувачки за секоја жена. Тоа е навреда не само за жените во Кичево, туку и за сите жени во Македонија,“ изјави Ангелова, обвинувајќи ја ДУИ дека го „прикрива скандалот“ и повикувајќи ја Антидискриминаторската комисија да отвори случај за, како што рече, „полово дискриминирачки однос“.

Ангелова побара јавна реакција и од жените во редовите на ДУИ, како и од лидерот Али Ахмети, прашувајќи дали тој ќе продолжи да го „толерира својот миленик кој се изживува со жените вработени во општината“.

Според пратеничката, случајот не треба да се премолчи. „Ова е изживување врз цел еден колектив и срам за нашето општество. Жените не се ничија сопственост – тие се нечии мајки, ќерки и сопруги,“ рече Ангелова, повикувајќи ги сите партии и институции да реагираат.

Скандалот избувна во период кога политичките партии во земјата се подготвуваат за локалните избори, што дополнително ја засили тензијата меѓу владејачките и опозициските структури во западниот дел на Македонија.

Related posts

Преживеан сведочи дека недостасувале безбедносни мерки во кочанската дискотека „Пулс“

admin

Филмот „Куќа од динамит“ на Нетфликс предизвика поделени реакции меѓу гледачите

admin

Тројца загинати во наводно убиство и самоубиство во Прилеп

admin

Иван Виденовиќ: Вучиќ е наследник на Милошевиќ, потребна е промена на српската политичка парадигма

admin

Телефонски број, милиони евра и судски пат: Томовски против СДСМ

admin

Уапсен додека пешки се движел низ автопат во Турција: Кој е Лупчо Палевски?

admin