9.8 C
Скопје
9 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Сијарто во Скопје: ЕУ го блокира Западен Балкан, а по брза постапка ја интегрира Украина

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, во петокот во Скопје потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји, во рамки на официјална работна посета на Сијарто на Скопје.

Муцунски изјави дека договорот ја зацврстува основата на повеќедецениското пријателство и стабилна трговска размена помеѓу двете земји. „Констатиравме дека македонско-унгарското партнерство, засновано на силни политички и економски врски, ќе продолжи со уште поголема динамика,“ рече тој по потпишувањето.

Разговорите ги опфатија и евроинтегративните процеси на Македонија, при што Муцунски ја потенцираше „недвосмислената поддршка од Унгарија“, како и соработката во рамките на НАТО во справувањето со регионалните безбедносни предизвици.

Во текот на посетата, беше потпишан и Меморандум за образовна соработка меѓу двете земји, кој предвидува стипендирање македонски студенти на универзитети во Унгарија. На потпишувањето присуствуваше и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Сијарто, кој повторно ја истакна поддршката на Унгарија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан, остро ја критикуваше политиката на Европската унија кон Украина.

„За Унгарија е неприфатливо што Брисел се обидува да ја внесе Украина во ЕУ по забрзана постапка, додека постојано го блокира проширувањето кон Западен Балкан,“ изјави Сијарто. „Нема разумен човек на светот кој би помислил дека Украина е во подобра состојба од било која земја во Западен Балкан.“

Тој додаде дека пристапувањето на Украина би можело да создаде „штета и предизвици“ за ЕУ, додека земјите од Западен Балкан би донеле „значителни економски и безбедносни придобивки“.

 

 

 

 

Related posts

Унгарија отвори истрага за заемот за Македонија: Под сомнеж речиси милијарда евра

admin

ЕП: ОД 2035 НЕМА ВЕЌЕ АВТОМОБИЛИ НА ДИЗЕЛ И БЕНЗИН

ninja

Данас: Можно ли е “Српската листа” да биде прогласена за терористичка организација?

admin

Полска нема да ги пренасочи системите „Патриот“ кон Блискиот Исток

admin

ДУИ мета на критиките за корупција, почна ли предизборната кампања?

admin

Држава со 12.000 жители си го врати старото име по повеќе од еден век

admin