11.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Започна новата учебна година, Јаневска: Учебници ќе има за сите ученици

Околу 245.000 ученици во Северна Македонија денеска ја започнаа новата учебна 2025/2026 година, од кои 177.800 се основци, а 67.200 средношколци, соопшти Министерството за образование. Наставата ќе трае до 10 јуни, со исклучок на матурантите кај кои часовите завршуваат порано.

Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека оваа година сите ученици ќе имаат учебници по сите предмети. „Учебниците се доставени во 90 проценти од училиштата, а преостанатите ќе пристигнат следната недела,“ рече таа.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерката Јаневска денеска присуствуваа на почетокот на наставата во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во скопската општина Кисела Вода.

Новата учебна година ќе донесе и неколку промени: седмоодделенците ќе имаат задолжителна општествено-корисна работа, а средношколците ќе следат програми по нови наставни концепти. Министерството најави и воведување на дигитализација и алатки со вештачка интелигенција во наставата.

Податоците покажуваат дека бројот на ученици продолжува да опаѓа, бележејќи децениски пад. Во учебната 2024/25 на почетокот на годината биле запишани 180.627 основци и 67.143 средношколци, што претставува пад од околу 6 % и 19,6 % соодветно во споредба со 2014/15 година.

Трендот на опаѓање е забележан речиси секоја година, со исклучок на учебните 2016/17 и 2020/21 кога е регистриран благ раст. Во споредба со претходната година, бројот на основци е намален за 0,8 %, а на средношколци за 0,2 %. Намалувањето на учениците е одраз на демографскиот пад, миграцијата на млади семејства и наталитетот кој постојано опаѓа

.

 

 

 

Related posts

Павле Арсоски купувал оружје со вредност како едно чоколадо

admin

САД се блиску до договор со Израел и Хамас за да го прекинат конфликтот, да ослободат некои заложници

admin

Владата бара да се штеди дома, а се расфрла во странство

ninja

Филипче бара зголемување на нафтените резерви, Владата вели дека има доволно гориво

admin

Мафијашки убиства и престрелки ги вознемируваат граѓаните – како да се пресретнат?

admin

Општините продавале градежно земјиште за бадијала

admin