36.8 C
Скопје
28 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Меџити: Почната е демонтажата на Ахмети, ДУИ повеќе нема капацитет за реформи

Изет Меџити, еден од лидерите на коалицијата ВЛЕН и поранешен висок функционер во ДУИ, изјави дека процесот на „демонтажа“ на лидерот на ДУИ Али Ахмети веќе е започнат и дека партијата „веќе нема капацитет за реформи“.

Во интервју за магазинот Трилинг, Меџити рече дека ниту Ахмети ниту кој било друг од врвот на ДУИ не ја честитале изборната победа на коалицијата ВЛЕН, ниту јавно ниту приватно.

„ДУИ цело време играше на карти на легитимитет, референдуми и големи национални проекти. Кога нивна цел беа Тетово и Чаир, ние одговоривме на тој предизвик. Резултатот зборува сам за себе“, изјави Меџити.

Тој смета дека крајот на политичката доминација на Ахмети започнал уште пред таканаречената „Огнена револуција“. „ДУИ веќе нема капацитет за реформи. Ги ‘изгоре’ сите играчи и сега се сами. Немаат кадар за нови политички битки и се движат по патот на поранешната ПДП,“ рече Меџити.

На прашањето за можни промени во парламентарното мнозинство, Меџити оцени дека „и досега тоа не било проблем“, но дека во иднина „Бадентеровото мнозинство ќе биде со владините партнери“.

Осврнувајќи се на последниот Извештај на Европската комисија, тој оцени дека документот потврдува системски слабости и стагнација на државата. „Потребна е сериозна анализа и преземање на конкретни мерки. Владата се соочи со последици од лошо владеење, но сега имаме можност да се фокусираме на евроинтеграциите,“ рече Меџити.

Меџити додаде дека меѓународниот притисок и домашната јавност биле клучни причини зошто движењето негово некогаш влегло во коалиција со поранешниот премиер Зоран Заев.

Целото интервју е објавено во видео формат на страницата на Трилинг.

Related posts

Пресврт во проширувањето? ЕУ бара начин побрзо да ги внесе балканските земји во Унијата

admin

Politico: Победници и губитници на пресудниот самит на ЕУ за Украина

admin

Титоизам за секаква употреба против РСМ

admin

Од САД 33% царини за Македонија: какви ќе бидат последиците?

admin

Дали европската шлаканица ќе го отрезни судскиот систем

admin

Започна судскиот процес за трагедијата во Кочани – 38 обвинети за 63 жртви

admin