22.8 C
Скопје
3 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Што ќе каже Уставниот суд? СДСМ ја оспорува собраниската резолуција за мигрантите

Опозициската Социјалдемократска унија на Македонија (СДСМ) најави дека ќе поднесе претставка до Уставниот суд за неодамна усвоената собраниска резолуција со која се осудуваат, како што е наведено, „манипулациите на опозицијата околу прашањето за мигрантите“.

Од СДСМ соопштија дека резолуцијата е спротивна на Уставот и дека претставува преседан со кој, според нив, се нарушуваат принципите на парламентарната демократија и слободата на политичко дејствување.

„Во демократска држава, парламентот не носи резолуции против опозицијата. Ова е опасен преседан кој ја заменува демократската дебата со политичко етикетирање“, изјави пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска.

Резолуцијата беше усвоена со гласовите на парламентарното мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и се однесува на јавните настапи на опозицијата поврзани со прашањето за мигрантите.

Related posts

ЕСП ѝ фрла ракавица на ДУИ

admin

„Историски ден“ – што носи посетата од Швајцарија?

admin

Харадинај до косовската опозиција: Зошто се плашите да ме подржите да го рушиме Курти

admin

МЕЦОЛА – РАЗГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО ЕУ ТРЕБА ДА ЗАПОЧНАТ ГОДИНАВА

ninja

Една година во бегство: МВР нема информации за Артан Груби

admin

АМНЕСТИЈА ВО ПРЕСРЕТ НА УСТАВНИ ИЗМЕНИ?

ninja