22.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски повикува иселениците да се вратат во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика иселениците да се вратат во Македонија, истакнувајќи дека државата не смее да ги губи граѓаните кои стекнале знаење и искуство надвор, а потоа одлучиле да се вратат.

На Форумот на повратници, Мицкоски рече дека голем дел од иселените не заминале од инает, туку барале подобро образование, работа, достоинствена плата и стабилен живот. Премиерот нагласи дека државата мора да ги разбере причините за заминувањето и да обезбеди функционални услови за враќање.

„Вашето враќање не е симболично, туку суштинско. Македонија не е заборавена, корените не се пресечени, а љубовта кон домот не исчезнува“, рече Мицкоски. Тој додаде дека владата ќе обезбеди стабилност, правна сигурност и поддршка за инвестиции за сите што сакаат да се вратат и да придонесат за развојот на земјата.

Форумот вклучуваше и обраќања на повратници кои веќе започнале бизниси и работат во различни сектори, како и претставници на институции задолжени за поддршка на враќањето и инвестициските активности.

Мицкоски претходно, преку статистички податоци, ја истакна тенденцијата на постепено враќање на дел од иселените во последната деценија и го поврза тоа со раст на вработеноста и намалување на невработеноста.

„Држава не се гради само со институции, туку со знаење, искуство и одговорност. Ни треба секој Македонец што сака да придонесе за татковината“, додаде премиерот.

Related posts

НАТО на тајни средби со сценаристи: Се подготвува ли културна пропаганда?

admin

Тензии и најави за бојкот пред одлуката за Законот за јазици

admin

Светска банка: Растот на Северна Македонија ќе се забави на 2,6% во 2025 година

admin

СДСМ: Мицкоски ја води Македонија кон изолација – ЕУ и НАТО се загрозени

admin

Како санкциите на САД врз руската нафтена индустрија ќе се одразат и на македонскиот пазар со горива

admin

Разузнавачите „ловат“ сигнали на кинеска пропаганда во изборите

admin