14.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Безбеден град“ ќе испраќа и фотографии за прекршоците, казните ќе се плаќаат по електронски пат

Граѓаните кои ќе направат сообраќаен прекршок регистриран преку системот „Безбеден град“ ќе добиваат електронско известување со записник и фотографија од возилото, а ќе имаат рок од осум дена да платат половина од казната, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Системот, кој е во пробна фаза од 1 декември, официјално треба да започне со издавање и наплата на казни од 1 февруари, откако Собранието ќе ги усвои измените на Законот за прекршоци, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Во почетната фаза, „Безбеден град“ ќе санкционира четири прекршоци: непрописно паркирање, пречекорување на дозволената брзина, поминување на црвено светло и управување со возило со истечена регистрација.

Известувањата ќе се доставуваат преку СМС и електронска пошта до сопствениците на возилата, со податоци за прекршокот, локацијата, времето и износот на казната. Плаќањето ќе може да се изврши електронски, во банка или во пошта.

Доколку казната не се плати во рок од осум дена со попуст од 50%, граѓаните ќе имаат дополнителни осум дена да ја платат целата сума, без дополнителни трошоци, наведуваат од МВР.

Во случај сопственикот на возилото да не се согласи со прекршокот, предметот ќе биде доставен до надлежниот основен суд, каде што ќе се води прекршочна постапка. Потешките случаи, како безобѕирно управување со возило, ќе ги преземе јавното обвинителство.

За возила со странски регистарски таблички, МВР соопшти дека возачите нема да бидат задржувани на граница, но нема да можат повторно да влезат во земјата доколку не ја платат казната.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека во тест-периодот се регистрирани девет помалку загинати лица во сообраќајни несреќи на подрачјето на СВР Скопје, во споредба со истиот период лани.

„Целта на проектот е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви“, рече Тошковски.

Проектот доби начелна поддршка и од дел од опозицијата, вклучувајќи ја Демократската унија за интеграции, чии пратеници се неопходни за обезбедување двотретинско мнозинство. Од партијата побараа подобро усогласување на сообраќајната сигнализација, поширока примена на системот и користење на албанскиот јазик во известувањата.

Најголемата опозициска партија, СДСМ, соопшти дека нема да ги поддржи законските измени, наведувајќи загриженост околу заштитата на личните податоци и контролата врз системот.

МВР најави дека во следната фаза „Безбеден град“ ќе се прошири и надвор од Скопје, Куманово и Тетово, вклучувајќи ги и коридорите 8 и 10, како и дека во иднина ќе се регистрираат и други прекршоци, како користење мобилен телефон и некористење сигурносен појас.

Related posts

ВИДЕО Големо невреме од Хрватска пристигна во Србија

admin

Москва ја исмева ЦИА за нов обид за регрутирање руски шпиони

admin

„Советник за култура“ со економски факултет: Левица го оспори огласот на Министерството

admin

Објава за Младиќ предизвика политичка бура во Скопје: се бара реакција од Владата

admin

Хомо на Игор Иванов Изи со уште една висока, десетта, награда на меѓународен филмски фесртивал – Овој пат во Индија

admin

Вагнер го запре бунтот, но покажа колку е слаб Путин

admin