14.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Политичка бура по заплената на канабис: Се бара целосна забрана на медицинското производство

Владини партнери бараат итни законски измени, додека Министерството за здравство тврди дека секторот е строго контролиран

По големата полициска акција за заплена на десетици тони марихуана во Северна Македонија и Србија, дел од политичките партии побараа целосна забрана на производството на медицински канабис, иако станува збор за легално и високо регулирано стопанство со значаен извоз.

Коалицискиот партнер во Владата, Демократскиот сојуз, побара Собранието по скратена постапка да усвои законски измени со кои би се забранило производството на канабис за медицински цели, наведувајќи дека контролата затаила и дека секторот бил злоупотребен од организиран криминал.

Министерството за здравство ги отфрла тврдењата дека системот е неконтролиран.

„Производството на медицински канабис е строго регулирано, со редовни квартални извештаи, инспекциски надзори и ад-хок контроли“, изјави министерот за здравство Азир Алиу.

Во Северна Македонија од 2017 година се издадени 61 лиценца за производство на медицински канабис, од кои 14 се одземени поради неисполнување на законските услови. Во моментов активни се 43 компании.

Секторот, според официјални податоци, остварува годишен извоз од околу 30 милиони евра, главно на пазарите во Германија и Велика Британија. Извозот е предмет на строги меѓународни процедури и надзор од Канцеларијата на ОН за дроги и криминал во Виена.

Експерти предупредуваат дека евентуална забрана би го погодила легалниот бизнис, без нужно да го спречи нелегалниот пазар.

Глобалниот пазар на медицински канабис се проценува на околу 30 милијарди долари годишно, со проекции дека до 2032 година може да порасне на повеќе од 140 милијарди долари.

Related posts

Кога знаењето не се претвора во иновација, кадрите си заминуваат

admin

Нови детали за тајната мисија во Москва: Шефот на ЦИА предложил средба Трамп–Путин–Зеленски

admin

Путин веќе се подготвува за следниот бунт

admin

Постери во Белград ја прикажуваат С Македонија како дел на на „Голема Србија“

admin

Мицкоски во Унгарија на меѓувладин самит, средба со Орбан

admin

Скандал или успех? – ЗНАМ го брани министерот Филков од нападите на СДСМ

admin